1. Вовед

Living Democracy » Textbooks » 1. Вовед

Наставниците мораат постојано да се оправдуваат, посeбно што се однесува до изборот на цели и теми и образложението за нивниот избор. Во суштина овде се работи за централни прашања, бидејќи со одредувањето на наставните цели и целите на учење и со изборот на темите се носат основни дидактички решенија. Затоа не треба целите ниту да бидат едноставно преземени или адаптирани, ниту пак учениците да бидат догматски принудени. Уште повеќе треба критички да бидат преиспитани и врз основа на рационални и логички размислувања да бидат избрани. На крајот може – евентуално заедно со учениците – да се направи свесен избор на наставни теми- и наставни цели, можат да се анализираат решенија со земање на предвид на поголеми врски и на крајот да се провери дидактичката вредност на избраните теми. На овие задачи и чекори им претстои централно значење, бидејќи во спротивност од расположливото време на планирање и настава, изборот на наставни теми е практично неограничен.

Следните клучни прашања треба на наставниците да им служат како начела и да ги поддржуваат при изборот и подготовката на покомплексните задачи.