Час 4: Нашето прво издание!

Living Democracy » Textbooks » Час 4: Нашето прво издание!

Каде да продолжиме?

Цел на учењето Учениците се способни да спроведат отворена дискусија и сите стануваат свесни за импликациите и последиците од продолжувањето на проектот за училишниот весник. Тие се способни да донесат одлука и да ја преземат одговорноста.
Задачи за учениците Учениците мораат да формираат мислења и да одлучат за нивното идно вклучување во сличен проект.
Материјали Училишна табла или флип чарт.
Метод Пленарна дискусија.

Концептуално учење

Дискусија (размена на аргументи, од латинскиот збор discussio) е специфична форма на вербална комуникација помеѓу две или повеќе лица, каде се прави осврт на едно или повеќе прашања, при што, секоја страна ги презентира сопствените аргументи. Дискусијата треба да се одвива во духот на заемно почитување. Добар стил за дискусија бара од учесниците да дозволат, дури и да охрабрат, изразување на погледи и мислења поинакви од сопствените, разгледувајќи ги внимателно, наместо веднаш да ги отфрлаат. Личните квалитети како што се спокојство, смиреност и учтивост ќе бидат од корист за двете страни. Најдобриот тип на дискусија ќе води до решение на проблемот или компромис, кој секоја инволвирана страна може да го прифати.

Во современтите општества, дискусиите се цивилизирани, што значи, ненасилно средство за справување со контроверзност и справување со конфликти на интереси и цели. Конфликтите не се задушени, туку се решени. Со практикувањето на нивните комуникациски вештини, учениците се запознаваат со основната алатка за работа кон одржувањето на мир во општеството.

 

Часот

Откако уредничките тимови ги ставаат нивните статии на ѕидовите и накратко известуваат за нивното работно искуство, фокусот ќе биде ставен на прашањето дали да се продолжи со проектот на ѕидниот весник. Сега, кога сите ученици имаат некоја идеја за времето кое треба да го поминат и организациските проблеми кои треба да бидат решени, тие можат да имаат вистинска дискусија во врска со прашањето за постојаност.

Наставникот може да помогне со давањето на појаснување и структура на дискусијата на учениците со обезбедување на следново на флип чартот или училишната табла.

Организација Лични аспекти Соработка Временска рамка

Ако ние продолжиме:

– Што треба да земеме предвид?

– Дали времето е проблем?

– Кои технички средства ги имаме?

– Како можеме да спречиме нашиот весни да биде вандализиран?

– Колкави финансиски средства ќе ни
требаат? Како овие средства  да бидат собрани?

Кој е заинтересиран?

– Главниот уредник?

– Уредничкиот комитет?

– Која е улогата и
позицијата на
наставникот?

– Имиња:




– Како можеме да го привлечеме интересот на другите ученици?

– Кои други наставници би сакале да се придружат на нашиот проект?

– Дали можеме да договориме посети во локалните уредувачки канцеларии (печатени или електронски медиуми)?

– Дали можеме да интервјуираме  новинар како експерт?

Веднаш штом наставниците започнат проект како овој, ќе сфатат дека сî не може да биде испланирано. Се бара процес на постојано размислување од сите учесници. Тој е весел, фасцинантен, но понекогаш, исто така, тежок и фрустрирачки процес.

Наставниците, кои веќе имаат искуство со проектна работа во одделенијата, ќе го знаат распоредот на чекори кои ќе бидат потребни, а исто така и потребата од силно лидерство. Ако не се води грижа, премногу силното лидерство секако дека,може да ја уништи ученичката мотивација и иницијатива. Учествувањето во проекти, како овој, им користи на учениците давајќи им важно искуство во граѓанското и образованието за човекови права.

Наставниците треба да ги вежбаат нивните лидерски способности за да обезбедат дека до крајот на часот, се донесени јасни одлуки и дека се поставила соодветна временска рамка за следните чекори.