Лекција 1: Ќе ризикуваш да изгубиш пријател – или да прекршиш правило?

Living Democracy » Textbooks » Лекција 1: Ќе ризикуваш да изгубиш пријател – или да прекршиш правило?

Секаде се соочуваме со дилеми

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на времето.

Стручно оспособување Компетентност во донесување политички одлуки и делување: избирање и осмислување
Крајна цел на учењето Ние сме одговорни за изборите кои ги правиме во секојдневниот живот.
Концепти за дилема и одговорност.
Задачи на учениците Учениците размислуваат за изборите кои ги прават во секојдневни ситуации со дилема и ги споделуваат причините.
Материјали и извори Материјал за наставници 2.1 и 2.2.
Материјал за ученици 2.1 и 2.2 .
Метод Пленарна дискусија, предавање, работа во групи.
Временски буџет 1. Учениците се справуваат со секојдневна дилема – 10 мин.
2. Учениците се запознаени со алатката за анализа на дилеми – 20 мин.
3. Учениците ги споделуваат одлуките во училишниот тест за дилеми – 10 мин.

Информационо поле

Оваа лекција ги запознава учениците со важноста и потребата за преземање одговорност. Тие во една пробна ситуација ќе ја применат алатката за размислување на одлуките при преземање одговорност, и ќе се запознаат со клучниот концепт на дилемата.

Сите ученици се активно вклучени преку овој индуктивен пристап. За неколку минути сите ученици во класот размислуваат на тоа како да решат дилема која им е позната од искуството во училиштето.

На првиот час се работи клучната тема – соочување со дилеми, избирање, размислување на приоритетите поврзани со изборите. Наместо да се додаваат уште тематики, следните часови се посветени на решавање на дилеми. Како и сите  теми во овој прирачник, и оваа тема го следи дидактичкиот принцип на темелно работење на одбрана тематика – „Прави помалку, ама прави го добро“. Причината за бирањето помалку и испуштањето доста е непотребното искуство. Најдобрите резултати се добиваат од интензитетот или трудот на учење, а не од опширното обработување на тематики.

Опис на лекцијата

Фаза 1: Учениците размислуваат за нивните избори во секојдневни ситуации

Материјали за наставници 2.1

Наставникот го најавува почетокот на новата тема и како вовед го изнесува следниот случај.

Замислете ја следната ситуација. Во вашиот клас се прави писмен тест по историја. Вие сте еден/на од најдобрите ученици по историја во класот и дури и вие мислите дека тестот е доста тежок.

Вашиот/та другар/ка е зад вас и со шепотење ви вели да му/ѝ го покажете тестот. Знаете дека препишувањето е забрането и можете двајцата да бидете казнети.

Што би правеле? Ќе ризикувате да изгубите другар/ка или да прекршите правило?

Наставникот ја запишува дилемата – темата на овој час – на таблата.

Тој таа/објаснува дека одговорот мора да биде со да или не – нема алтернатива или компромисно решение, ниту пак учениците смеат да комуницираат а потоа да кренат рака.Учениците гласаат а наставникот ги забележува резултатите на таблата.

Потоа следи дискусија. Учениците ги образложуваат причините, и по некоја минута наставникот ги сумира точките на таблата. Можеме да очекуваме аргументи како што се следните:

Би ризикувал да изгубиш другар/ка – или да прекршиш правило?

Да (глас х)

Добрите другари секогаш си помагаат.

И мене ќе ми треба помош од другар некој ден.

Треба да си помагаме. Светот ќе биде ладно и непријателско место ако не се грижиме еден за друг.

Не (глас y)

Препишувањето не е фер за тие кои се држат до правилата.

Ако препишуваме ризикувам самиот да сум казнет. Другарите не треба да го очекуваат тоа еден од друг.

Ризикот зависи од другарот/ката. Можам да разговарам со добар другар, и тој/таа ќе ја почитува мојата одлука.

Фаза 2: Учениците се запознаваат со алатката за анализа на дилеми

Материјали за ученици 2.1 и 2.2

Наставникот ги дели материјалите на учениците и ги запознава со концептот за дилемата (материјал 2.1) со кратко предавање. Аргументите кои учениците ги користат прикажуваат конфликт на лојалностите: или ќе бидам лојален на другарите кога ќе ми побараат помош, или ќе ги следам правилата бидејќи тие овозможуваат еднаква шанса за сите  на тестот. Причините кои учениците ги дале – или се очекува да ги дадат се однесуваат на вредности: моето разбирање на пријателството, лојалноста, волјата за помош на другите, постапувањето фер, почитта кон правилата и законите.

Сега се соочувам со ситуација во која ќе прекршам некои од овие вредности – или ќе изгубам другар/ка и ќе страда мојата репутација, или ќе ризикувам да бидам казнет и да имам грижа на совест бидејќи прекшив правило кое го поддржувам. Ваквата ситуација, каде што може да бираш што да погрешиш, наместо да правиш сѐ правилно – се вика дилема. Овој пример е типичен за многу дилеми:

  • Ниеден компромис не е возможен. Мораш да си одредиш приоритети.
  • Временскиот притисок те приморува да реагираш веднаш и затоа не можеш внимателно да размислиш за одлуката.
  • Одлуката не можеш подоцна да ја смениш, така што резултатот е неповратен.
  • Преземаш одговорност – ти и другите морате да се справите со последиците.

Во нашите секојдневни животи, како и во донесувањето политички одлуки, многу често се соочуваме со дилеми. Справувањето со нив е тешко бидејќи проблемите се често комплицирани, и мораме да делуваме под временски притисок.

Сепак, решавањето дилеми и размислувањето за нашата одговорност е вештина која до одреден степен се учи, а процесот се одвива бавно. Посветуваме неколку часа на размислувањето на дилеми кои во вистински ситуации мораат да се решат веднаш.

Материјалот за ученици 2.2 нуди алатка која помага во решавањето дилеми. Учениците ја имаат задачата да ја применат оваа алатка на проблемот со училишниот тест. Со дискутирање од околу 5 до 10 мин., учениците треба да изберат меѓу едно до три прашања кои тие ги сметаат за релевантни и корисни, и внимателно да ги разгледаат. Тие треба да донесат одлука и да ги споделат причините во пленарната сесија која следи. Работата е во групи од тројца или четворица.

Фаза 3: Учениците ги споделуваат одлуките за дилемата со тестот

Во заклучната пленарна сесија говорниците на групите ги претставуваат нивните одлуки и приоритетите кои ги следеле. Наставникот претседава со сесијата и обрнува посебно внимание на изборот на прашања и критериумите на учениците.

Како заклучок за овој час, наставникот дава коментар укажувајќи им на учениците на нивните заеднички или поинакви приоритети. Со мислењето на приоритетите кои ги довеле до одлука учениците преземаат одговорност.