Вовед

Living Democracy » Textbooks » Вовед

Училиштето е место за учење и поучување. Отсекогаш било така и се надеваме дека така и ќе остане. Она што сепак е променето е содржината односно материјалот што се учи во училиште и како истото се изучува. Општеството брзо се менува во однос на економскиот и општествениот живот и училиштата се под притисок за да се адаптираат на новонастанатата ситуација колку што можат подобро.

Она што најмногу е променето во мислењата на луѓето е дека училиштето не е само место каде учениците се припремаат за возрасниот живот; туку тоа е место каде  луѓето поминуваат голем дел од времето заедно. Ова, само по себе, создава можност за учење преку дружење со други луѓе, но во исто време ги обврзува студентите да стекнат и развијат социјални вештини.

Ако едно училиште одлучи да интегрира ОДГ/ОЧП – Образование за демократско граѓанство и образование за човекови права – во својот систем (многу училишта уживаат голем степен на автономија) тогаш тоа училиште одлучува активно да го моделира училишниот живот и да креира модел-ситуација за учење на демократското образование. Целото училиште – не само училницата – станува едно микро општество. Ова не е идеализирана слика, туку реалност. Никој не вели дека заедничкото живеење е лесно и дека во него нема конфликти, и се разбира училиштето не е исклучок од ова. Ова не мора да биде крајната цел. Сепак, мора да се направи возможно да се препознаат различни интереси, да се разјаснат овие интереси и да се научи од нив, бидејќи овие вештини се најважни во животот на еден граѓанин.

Овој прирачник најпрво ги засега наставниците. Искуството покажало дека тоа сепак ги засега и наставниците-приправници, одговорните лица за наставата, уредувачите на учебници и преведувачите во земјите членки во Советот на Европа и можеби уште пошироко.

Овој прирачник содржи девет глави за поучување за образованието во демократско општество (ОДГ) и образованието за човекови права (ОЧП). Главите, од кои секоја е составена од четири лекции, се наменети за ученици во последните години од основното образование – 10 или 11 – годишна возраст. Секоја глава се фокусира на еден важен концепт поврзан со ОДГ или ОЧП: идентитет – плурализам – еднаквост – конфликт – правила и закон – владеење – одговорност – слобода – комуникација. За секоја лекција дадени се предлог техники за поучување кои се опишани во детали, колку што е тоа разумно – возможно.

Деветте глави претставени во овој прирачник не можат да бидат групирани заедно за да направат предмет кој би се нарекол  “демократско образование”, “општествено образование”, или како и да се нарече тој предмет. Одделни глави, сепак, можат да се искористат на часови по јазик, географија, историја, општествени студии/, етика, уметност итн. Во согласност со разни експерти од земјите-членки во Советот на Европа, авторите имаат направено или создадено прирачник за наставниците за поучување со фокус на додатни елементи на ОДГ/ОЧП, кои лесно можат да бидат интегрирани во постоечкиот наставен курикулум. Особено во основното образование, каде наставницие треба да предаваат разни предмети, искуството покажало дека воведувањето на уште еден предмет ке биде контрапродуктивно и ќе им претставува додатен притисок на наставниците. Темите на ОДГ/ОЧП не се теми кои треба да се изучуваат во изолација, туку се фокусираат на различни перспективи на веќе познати теми кои најчесто се изучуваат во основното образование. Авторите тоа го интегрирале во основата на овој прирачник и главите се дизајнирани на тој начин што се надоградуваат на веќе постоечки компетенции на наставниците во основното образование и на комплексноста на поучување на разни предмети. На крај, од гледна точка на корисникот, многу е важно да се одговори на прашањето дали ОДГ/ОЧП е нов предмет или не.

Одговорот е тој дека, во повеќето училишта во поголем број земји, ОДГ/ОЧП не е нов предмет во основното образование. Тој дава една нова перспектива на учењето и поучувањето во рамките на постоечкиот курикулум. Ова значи дека наставниците и учениците се охрабрени да работат на еден поинаков и попродуктивен начин.

ОДГ/ОЧП се фокусира на тоа да им овозможи на учениците да станат активни граѓани кои имаат желба и способност да учествуваат во градењето на иднината на нивните општества, (со други зборови учење за демократија и човекови права). Во исто време, ОДГ/ОЧП ги следи основните принципи на добро поучување. Учествувањето во демократијата може и мора да биде научено на училште, и може да биде интегрирано во секој предмет, и на секоја возраст. Поради тоа предност се дава на развивање на компетенциите отколку на традиционалниот приод за поучување курикулум кој е базиран исклучиво на содржини.

Едно е сигурно, ОДГ/ОЧП поседува содржински аспект исто така – поучување за демократија и човекови права. Таквите елементи може да бидат интегрирани во предмет како општествено образование, или можат да бидат вклучени во историја и граѓанско образование.

Но основниот елемент во поучувањето за ОДГ/ОЧП е поучување во духот на или низ  демократијата и човековите права, и оваа нова перспектива се однесува на целото училиште. Овој прирачник покажува дека перспективите на ОДГ/ОЧП воведуваат нови методи на учење и поучување во училницата и со тоа ја зголемуваат улогата на учениците и наставниците. Учениците добиваат повеќе време за учење, додека пак наставникот има улога на набљудувач и поддржувач, додатно на неговата традиционална улога како инструктор. Поучувачките модели го охрабруваат наставникот да се фокусира на одредени теми и да им даде на учениците доволно време за истите да ги разработат темелно – со други зборови “направи помалку, но направи го тоа добро”.

АКТИВНОСТИ И МАТЕРИЈАЛИ – ПРИРАЧНИК ЗА УЧЕНИЦИТЕ

Основен принцип во сите глави е активноста на учениците. Оваа идеја е базирана на фактот дека учењето е активен процес на сфаќање, а не пасивен процес на слушање. Поради тоа главите за учење стануваат примери за комуникација, примери на барање на информација, на прашување и објаснување. Наставникот ги подржува овие процеси знаејќи дека учењето за демократија е континуиран процес и дека грешките се природна појава. Самостојното учење од страна на учениците е подржано со таканаречените “кутија со алатки”. Дванаесетте избрани методи го подржуваат ова независно и самонасочено учење (истражување во библиотеки, истражување на Интернет, правење на интервјуа и анкети, интерпретирање на слики, создавање мапи во мозокот, правење на постери, поставување изложби, планирање и правење презентации, подготвување на Power Point презентации, пишување написи за во весник, правење Драматизација или дебатирање).

Материјалите за студентите даваат еден друг вид на подршка. Тие се во вид на работни листови посебни за секоја глава кои им се даваат на учениците. Сите материјали за учениците можат да се најдат на крајот на овој прирачник. Сите материјали можат лесно да им се дадат на учениците да ги копираат. Секој материјал е нумериран според главата и лекцијата на која припаѓа (на пр; глава 2 лекција 2). Наставникот одлучува кога и како ќе им ги даде материјалите на учениците и како ќе ги добие назад од нив. Во некои случаи практично е да се набават папки, во некои случаеви наставниците преферираат да стават сè во една посебна книга или да ги користат материјалите како што се претставени во овој прирачник – како интегриран прирачник.

Минатите искуства со користење на фотокопирани материјали покажале дека најважната задача на наставниците е тие да бидат практични и јасни. Материјалите треба да бидат соодветни и од помош, а не да бидат тешки за разбирање и да одземаат многу време за да се објаснат. Поради тоа, материјалите претставени во овој прирачник се лесни за употреба, разбирливи, лесно може да се модифицираат, и лесно може да се адаптираат на посебните потреби на еден клас или за варијација во наставните методи. Освен вообичаеното формативно оценување на учеството на учениците во активностите на часот, забележувањето на нивното учество и нивната мотивација, материјалите исто така претставуваат средство за обезбедување писмено оценување.