Материјал за ученици 7.2: Како демократиите се грижат за заштитата на малцинствата?

Living Democracy » Textbooks » Материјал за ученици 7.2: Како демократиите се грижат за заштитата на малцинствата?

Проблемот за тоа тако треба да се урамнотежат правата на мнозинствата и малцинствата е основен проблем на сите нивоа од заедницата, од мали клубови до државно ниво. Од една страна, во демократијата мора да се почитува волјата на мнозинството. Од друга страна, мораат да се почитуваат и интересите на малцинствата. Ако има група на трајни губитници кои чувствуваат дека се дискриминирани, тоа може да доведе до сериозни конфликти во една заедница.

Во уставите на демократиите, обично се применуваат две решенија – и двете го ограничуваат тоа што го одлучува мнозинството. Едното решение е да се ограничи моќта на мнозинството со давање право на автономија на помалите групи (федерален или кантонален модел). Другото решение е да се вклучат човековите права како граѓански права. Тогаш овие права ги штитат индивидуалците и малцинските групи, бидејќи мнозинството мора да ги почитува овие права.

1. Федералниот/кантоналниот модел

Малцинските групи формираат регионални целини во самата држава – федерални држави или кантони. САД, Германија или Белгија се примери за федерализам, а Швајцарија е пример за кантоналниот модел. Во рамките на помалите целини, одлучува мнозинството, а ова може да го вклучува правото да се контролира сопствениот буџет или да се учествува во националното законодавство. Демократските устави се разликуваат во нивото на автономија која ја даваат на овие под-целини.

Оваа идеја може да се унапреди уште толку со менување на дефиницијата за мнозинство. Ако одредени одлуки бараат мнозински кворум од повеќе од 50-75% па дури и 100% – малцинските групи можат да влијаат на политичките одлуки, а можат дури и да имаат право на вето.

2. Човековите права како малцински права

Човековите права функционираат како малцински права со ограничување на тоа што го одлучува мнозинството. На пример, да ги погледнеме овие членови од Европската конвенција за човекови права на 4-ти ноември 1950.

Член 5, Право на слобода…

Секој има право на слобода…

Член 14, Забрана на дискриминацијата

Уживањето на правата и слободите кои се изнесени во оваа Конвенција ќе бидат осигурени без дискриминација на каква било основа – пол, раса, боја, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, припаѓање на национално малцинство, имотност, раѓање или друг статус.

Членовите 5 и 14 се осврнуваат на два принципа од човековите права – слобода и еднаквост.

Граѓаните чии човекови права се прекршени во земја – членка на Советот на Европа можат да се жалатво Европскиот суд за човекови права.

Човековите права стануваат граѓански права штом станат дел од уставот. Во овој случај, тие се посилно заштитени бидејќи стануваат дел од правниот систем, но тие ваѓат само за граѓани на таа држава. Во некои држави, постои уставен суд како заштита на човековите права. За амандмани на уставот обично е потребно повеќе од едноставно мнозинство, така што малцинските групи можат да спречат промени кои не би биле во нивна корист.