2. Задача и клучни прашања за условите на поучување и учење

Living Democracy » Textbooks » 2. Задача и клучни прашања за условите на поучување и учење

Следните опширни клучни прашања служат за самоконтрола и нудат пристап до различни аспекти на условите на учење. Вклучените работни досиеја се од помош помош при продлабоченото занимавање со поединечните аспекти.

Предлог за работа со долунаведената листа („задача“): Одговорете сами или во мала група некои од овие прашања во врска со актуелна тема во Вашата настава. Анализирајте на крајот што донесе занимавањето со овие прашања од аспект на Вашата конкретна наставна ситуација и наставно планирање.

  •  Кое знаење и кои вештини веќе ги поседуваат учениците?
  • Кое знаење и кои вештини ги поседувам јас?
  • На кои надворешни услови морам да внимавам?
  • Што знам јас за учениците како индивидуи – за нивните основи, интереси, посебни компетенции итн.?
  • Кое знаење и кои информации мора учениците да ги имаат за да можат да ги совладаат поставените задачи?
  • Кои информации, вештини и искуства во врска со новата тема веќе ги стекнале учениците? Што е за нив ново, што е повторување, што е есенцијално (основен материјал), а што е дополнително?
  • Кои работни техники и техники на учење можам да ги очекувам од учениците, со кои искуства со различни методи и форми на поучување веќе располагаат?
  • Кои позитивни или негативни ставови, навики, предрасуди или убедувања можам или морам да ги очекувам?
  • Како можам да ги отстранам потешкотиите во учењето, пречките во учењето и отпорот кон учењето ?
  • Дали посветив доволно внимание на подготвеноста за учење на учениците, на нивната душевна состојба, на нивната приодливост, на нивните когнитивни квалификации, на нивните потреби од учење, очекувања, интереси, активности во слободното време и животни околности?
  • Кои социокултурни услови и влијанија и кои системи за поддршка сѐ од значење за работа во училницата? Која улога ја играат родителите, браќата и сестрите, врсниците или другите важни односни лица?