Материјал за ученици 8.2: Правила за дебатирање

Living Democracy » Textbooks » Материјал за ученици 8.2: Правила за дебатирање

Начин на седење

Претседавачот седи на чело на масата. Двете партии во дебатата седат спроти едни од други. Публиката седи на мало растојание од масата и треба да може да ги гледа двете партии.  Ако е потребно, додатните столчиња за публиката треба да се наместат во неколку редови наместо да се зад една од партиите.

V4_P283_MACED

Ред на говорниците

Стрелките го покажуваат редот на говорниците во првата рунда на дебатата. Во втората рунда, редот едноставно се превртува, се додека не проговорил првиот говорник од потврдната страна. Потоа говорникот од негативната страна го има последниот збор; тимот може да избере член кој ќе ја даде оваа изјава – но не нивниот прв говорник, бидејќи ова би му/и дало две минути за говорење, а тоа не е фер за другиот тим.

Правила за дебатата

  1. Првиот говорник на потврдната страна кој седи веднаш до претседавачот поч нува. Потоа, како што е покажано со стрелките во дијаграмот, одговара првиот говорник од негативната страна. На овој начин, говорниците од двете страни говорат еден по еден. Кога ќе заврши последниот говорник од негативната страна, почнува втората рунда, овојпат во обратен ред.
  2. Откако првиот говорник од потврдната страна проговорил, говорник од негативната страна (но не нивниот прв говорник) го има последниот збор.
  3. Редот на говорење не смее да се менува.
  4. Секој говорник има максимум време од една минута. Претседавачот внимателно го следи времето. Тој/таа дава знак кога се последните 10 секунди и откако ќе заврши времето за говорење, говорникот може да ја заврши реченицата и потоа да запре. Вишокот време не може да се префрли на друг говорник.
  5. Забрането е прекинување на говорник.
  6. Публиката не смее да учествува во дебатата.
  7. По дебатата, публиката има пет минути да ги размени импресиите и мислењата. Потоа гласаат со кревање на рака.
  8. Во гласањето, се бројат гласовите со „да“ и „не“. Мнозинството го добива гласањето.

Совети за говорниците во дебатата

  1. Со исклучок на првиот говорник од потврдната страна, потрошете ја приближно првата половина на вашиот исказ за да побиете исказ од спротивната страна, а потоа претставете нова точка.
  2. (За првите говорници.) Искажете го вашиот предлог – кажете која одлука сакате да ја видите.
  3. Кога се подготвувате за дебатата, прво разменете идеи (brainstorming). Потоа одлучете во кој редослед сакате да ги преставите вашите ставки и назначете ги на говорник. Почнете и завршете со посебно силна и импресивна ставка.
  4. Можете да повторите или измените некој клучен аргумент за го „зацементирате“.
  5. Последните говорници треба да ги сумираат аргументите на својата страна, истакнувајќи три или четири ставки. Што треба да запамети вашата публика по дебатата? Ако дебатата е за одлука која треба да се донесе, имајте јасна слика за тоа која е вашата допадливост кај публиката кога таа гласа по дебатата.
  6. Говорете слободно. Не ги читајте вашите искази од белешки, туку остварете визуелен контакт со вашите противници и публиката.
  7. Однесувајте се со почит кон противниците. Не навредувајте говорник, туку концентрирајте се на неговите аргументи.

Совети за публиката (видете го материјалот за ученици 8.5)

  1. Пред дебатата, обидете се да ги предвидите аргументите кои двете страни би ги кажале/треба да ги кажат. Ова ви дава теоретска основа кога ќе ја слушате дебатата.
  2. Забележувајте ги аргументите претставени од секоја страна – ако е можно во една реченица.
  3. Поврзете ги аргументите кои се побиваат со стрелки или линии и запишете коментар. Кој аргумент ве убедил? (Чекорите 2 и 3 можат да ги направат неколку слушатели заедно.).
  4. Истакнете кој аргумент посебно ве импресионирал.
  5. По дебатата, споделете ги резултатите во групата. Потоа гласајте за предлозите кои ги предложиле двете партии.