Вежба 7.8. – Начини на учество во демократијата

Living Democracy » Textbooks » Вежба 7.8. – Начини на учество во демократијата
Образовни цели Учениците поврзуваат различни форми на политичко учество со човековите права.
Ресурси Листа на можни форми за политичко учествување.

Процедура

  1. Секој ученик пишува список со сите начини и активности со кои тој/таа мисли дека луѓето можат да учествуваат во процесот на демократско одлучување.
  2. Учениците прават групи од четворица. Тие ги споредуваат списоците, дискутираат и се обидуваат да се согласат за еден список.
  3. Групите го споредуваат нивниот список со начини на учество со тој во материјалот за ученици.

Продолжение

Учениците можат да ги обработат следните прашања:

  1. Дали верувате дека некои од формите на политичко учество погоре се човекови права? Дали сите форми треба да се заштитени со закон? Објаснете зошто и зошто не.
  2. На кој начин можете да учествувате во демократијата во вашата земја? Дали има начини на учество кои вам не ви се достапни? Објаснете.
  3. Дали законите треба да го штитат правото да не се учествува? Објаснете.

Материјали

Материјал за ученици

Учеството може да има многу форми како што се:

  • читање за проблемите и лидерите
  • пишување за проблемите и лидерите
  • дебатирање за проблеми
  • работа во заедницата како поддршка за одредена кауза или протест против власта
  • формирање или приклучување на политички партии или други организации
  • присуство на политички или месни состаноци
  • станување лидер на политичка партија, трудова организација или месна организација
  • гласање на избори
  • правење кампања за тие кои се кандидираат
  • кандидирање и служење ако сте избран/а
  • плаќање на данокот
  • лобирање
  • служење на воена служба
  • користење на правните канали како што се контактирање на владини органи, изнесување на случаи на суд, итн.
  • протестирање со демонстрации, бојкоти, штрајкови итн.