Материјал за учениците 2.1: Приказната на Весна

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 2.1: Приказната на Весна

Весна, една Ромка, кажува што ѝ се случило нејзе:

„Видов оглас за работа, за работно место асистент за продажба, на излогот од една продавница за облека. Ним им требаше некој помеѓу 18 и 23 години. Јас имам 19, па влегов и ја прашав менаџерката во врска со работата. Таа ми рече да се вратам за два дена, бидејќи сеуште не аплицирале доволно луѓе.

Се вратив два пати и секогаш ми беше кажувана истата работа. Приближно една недела подоцна, отидов повторно во продавницата. Огласот за работа сеуште беше на излогот. Менаџерката беше премногу зафатена да ме прими, но ми беше кажано дека празното работно место е пополнето.

Откако заминав од продавницата, јас бев многу вознемирена така што замолив една пријателка, која не е Ромка, да оди и да праша за работата. Кога таа излезе надвор, рече дека ја замолиле да отиде на интервју во понеделник.“

Прашања

  1. Како би се чувствувал/а ако ти се случеше тебе тоа што ѝ се случи на Весна? Како би реагирал/а ако твојот пријател/ка ти кажеше дека е повикан/а на интервју?
  2. Што мислиш, зошто менаџерката на продавницата се однесуваше на овој начин? Дали ова го сметаш за форма на дискриминација? Зошто (или зошто не)?
  3. Што би можела Весна да стори за тоа? Дали мислиш дека таа би можела да ја промени ситуацијата? Што би направиле другите луѓе да се на нејзино место?
  4. Дали очекуваш законот да стори нешто за ваква ситуација? Што би требало да вели законот?
  5. Дали би можело ова истото да се случи и во твојата земја? Ако може, кои групи би биле засегнати?