Лекција 2: Како да ги балансираме интересите на мнозинството и малцинството?

Living Democracy » Textbooks » Лекција 2: Како да ги балансираме интересите на мнозинството и малцинството?

Правење на статут за микро-заедницата

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Работење во тим, управување со време.
Решавање на проблем.
Крајна цел на учењето Правилата, законите и уставите се алатки за решавање проблеми и справување на извори на конфликт во општеството. Ова е оправдувањето за владата и авторитетот. Како и да е, тие задоволуваат одредени интереси.
Задачи на учениците Учениците прават статут за справување на проблемот со мнозинството/малцинството во микро-заедницата.
Материјали и извори Материјал за ученици 7.1-7.3.
маркери, хартиена табла.
Метод Работа во групи.
Временски буџет 40 минути.

Опис на лекцијата

Учениците продолжуваат со нивната работа во групи.

Наставникот ги набљудува додека работат, внимава кои методи и вештини се применуваат добро и каде им треба обука и помош. Наставникот може да побара и да даде повратна информација за тоа како учениците соработувале во испитувачката сесија (лекција 4). Групите треба да работат самостојно колку што е можно повеќе и наставникот не треба да интервенира ако учениците „прават грешки“. Тие ќе научат повеќе ако ја имаат слободата и одговорноста сами да ги откриваат грешките. Ако е потребно, класот ќе ги поправи повеќето од грешките во пленарната рунда.

Наставникот треба да се воздржи од интервенирање ако групата најде „политички некоректни“ решенија, како што се предавање на моќта на одлучување на една личност („диктаторско решение“). Тука се добиваат многу интересни информации за дискутирање. Доста често учениците ќе испитаат некоја нелогична или неприфатлива размисла. Наставникот ги вреднува постигнувањата на учениците во однос на стручното оспособување и прави заклучоци за нивните потреби од учење.