Метод 12: Power Point презентација или подготвување на презентација со фолии за графоскоп

Living Democracy » Textbooks » Метод 12: Power Point презентација или подготвување на презентација со фолии за графоскоп

Презентациите со PowerPoint или некоја слична компјутерска програма како и фолиите за графоскоп често се применуваат кај предавањата. Двата типа мора да бидат подготвени според истите правила.

Доколку подготвуваш фолии за графоскоп или PowerPoint фолии треба:

  • да избереш јасен и добро читлив фонт;
  • да избереш само еден фонт;
  • да избереш една големина на фонтот;
  • да избереш доволен проред;
  • задолжително да внимаваш на тоа сликите, картите или графиките да бидат доволно големи и јасно препознатливи;
  • да примениш само малку бои и симболи;
  • да не покажуваш премногу фолии.

Што е посоодветно: Фолии за графоскоп или Power Point-презентација?

И двете имаат предности и недостатоци. Следните совети можат да ти го олеснат изборот помеѓу фолии за графоскоп или презентација со PowerPoint или слична програма.

Фолиите за графоскоп се соодветни доколку ти:

  • сакаш да покажеш само малку фолии (максимално седум);
  • сакаш да објасниш или покажеш уште нешто помеѓу презентацијата на фолиите;
  • сакаш за време на презентацијата да напишеш нешто на фолиите;
  • сакаш да покажеш само една слика по фолија;
  • сакаш одредени работи на фолијата прво да ги покриеш, а потоа откриеш;
  • сакаш да го поделиш предавањето и на секој член од групата да му доделиш една фолија.

PowerPoint-презентациите (или компјутерските презентации со слични програми) се соодветни доколку ти:

  • сакаш да презентерираш многу информации;
  • имаш голем број на фолии;
  • на иста фолија сакаш да покажеш една информативна наставна тема по друга;
  • сакаш за време на презентацијата да имаш директен пристап до интернет или тонски и видео датотеки (на пр. YouTube филмови);
  • сакаш да покажеш видео клип, дигитална слика, тонска датотека или нешто што е зачувано во твојот компјутер.