Час 3: Ова е нашиот грб (грб II)

Living Democracy » Textbooks » Час 3: Ова е нашиот грб (грб II)

Ние сме силни како група бидејќи сме индивидуи

Цели на учењето Учениците стануваат свесни за потенцијалот на своите индивидуални јаки страни кои придонесуваат во групата. Изнаоѓаат име и мото за групата.
Задачи на учениците Во групи од четири, учениците ги објаснуваат нивните лични симболи на другите членови на групата. Креираат заеднички грб и се договараат за име, мото и заеднички симбол за групата. Учениците го презентираат својот грб пред класот.
Ресурси Копии од грбот од претходниот час, пенкала во боја, лепило.
Методи Групна работа (четири ученици во група) и групна презентација.

Опис на часот

Продолжувајќи од час 2, учениците ги дискутираат симболите кои ги имаат направено и ги искажуваат своите ставови. Потоа наставникот им вели на учениците да ги направат следните задачи:

  • Објасни го твојот симбол/и на членовите на својата група
  • Залепи ги сите делови од симболот/ите на твојот грб
  • Најди заеднички симбол за твојата група (средина), мото за твоите идеи (горен дел) и име за твојата група (долен дел).

Наставникот треба да му каже на учениците дека треба заеднички да донесуваат одлуки за да може секој да се идентификува со одлуката.

Комплетираните грбови потоа се презентираат на пленарната сесија од страна на еден член на групата и се ставаат заедно со другите на ѕидот.