Материјал за учениците 3.5: Картички со ситуации: жителите на островот

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 3.5: Картички со ситуации: жителите на островот

Погледнете ги следните ситуации и решете во вашите групи што би требало да се направи во врска со нив.

Жители на островот Доселеници

1О Нови огради

Некои од доселениците започнаа
со ставањето на огради околу нив-
ните куќи, преку патеките, кои
вие секогаш ги користевте за да
ги следите стадата. Вие треба да
уривате некои од нив.

1Д Нови огради

Жителите на островот урнаа неколку од оградите, кои вие ги изградивте за во нив да ги чувате уловените животни.

2О Натрапникот

Еден жител на островот поминал
низ област, заградена од доселениците и беше застрелан и убиен.

2Д Натрапникот

Жителите на островот влегле на туѓ
имот, преку земја, која вие ја заградивте за вашите животни. Еден од
нив беше предупреден, а потоа застрелан.

3О Мешан брак

Еден жител на островот се заљубил во една доселеничка. Тие сакаат да се земат и да живеат во
една од заедниците на доселениците. Семејството на момчето е
многу несреќно поради тоа.

3Д Мешан брак

Една доселеничка се заљубила во еден жител на островот. Тие сакаат да се земат и да живеат во една заедница на доселениците. Некои од доселениците се несреќни поради тоа.

4О Свети места

Некои од доселениците копаат
руда во планините каде што живеат духовите на вашите предци,
според вашето верување. Овие
места се свети за вас. Во знак на
протест, вие ги нападнавте луѓе-
то кои копаат.

4Д Свети места

Вие откривте скапоцени руди во планините. Вие ќе можете да ги продавате овие руди на трговците во вашата претходна татковина. Жителите на островот ја сметаат планината за света, што според ваше мислење, е само празноверие. Тие ги нападнаа луѓето кои копаат.

5О Образование

Некои од доселениците отворија
училиште и ги поканија и вашите
деца да дојдат и да научат да читаат и да пишуват.

5Д Образование

Некои од доселениците отворија училиште. Тие ги поканија жителите на островот да ги испратат нивните деца на училиште.