Час/лекција 4: Нашиот договор за правила

Living Democracy » Textbooks » Час/лекција 4: Нашиот договор за правила

Како ги утврдуваме заедничките правила?

Цели на учењето Учениците осознаваат и учат како да се идентификуваат со најопшто формулиран аргумент.
Задачи на учениците Учениците ги запишуваат општите правила и ги потпишуваат своите имиња до нив. Ги дискутираат механизмите за контрола и можните последици.
Ресурси Flipchart, пенкала.
Методи Пленарна дискусија

Опис на часот

Откако сите учениците ќе се изјаснат за различните решенија за наведените проблеми или конфликти, им се дава за задача да ги напишат и да направат “договор” за правила кој ќе го потпише секој ученик.

За време на пленарната дискусија, учениците разговараат за тоа како да го создадат договорот. Дали тоа ќе биде во форма на flipchart постер, или напишан на А4 хартија, или дали ќе биде документ со печат? Треба да се договорат за форматот на договорот, а ако е потребно, тоа може повторно да го реши мнозинството.

Учениците имаат слобода да го направат договорот за правила на начинот на кој тие сакаат, сè додека се задоволени следните критериуми:

  • Сите решенија на кои се согласија да се напишат во форма на искази.
  • Сите ученици да го потпишат договорот под исказите.
  • Местото и датата се напишани на договорот.

Откако договорот ќе се направи и потпише, учениците треба да дискутираат што ќе се случи ако некој прекрши некое од правилата. Дали ќе има последици? Ако има, какви? Како ќе се контролира дали ќе се почитуваат правилата? Дали тоа е одговорност на сите? Или ќе има посебно назначени луѓе за тоа? Дали тоа ќе биде од помош или ќе има контра-последици?

Можност: последиците од кршење на правилата да се додадат во договорот (како додатен документ).