Дел 1 – Разбирање на демократијата и човековите права

Living Democracy » Textbooks » Дел 1 – Разбирање на демократијата и човековите права

Идејата за образование за демократско граѓанство и човекови права не е нова. Во различни европски земји од пред повеќе години се предава наука за граѓански права или политичко образование. Притоа, во прв ред, најчесто се тематизира политичкиот систем, пред сѐ Уставот на сопствената земја и тоа со вообичаени инструкционални методи. Овој пристап често се базирираше на минимално и пасивно разбирање на граѓанството. За мнозинството од населението граѓанството значеше само очекување дека треба да се придржуваме на правилата и да се учествува на изборите. Овие граѓански должности беа одредени од тогашното правно и културно опкружување.

Од пред неколку години традиционалниот модел на граѓанство во горе споменатата смисла, преку случувања и пресвртници во цела Европа сѐ повеќе се става под сомнение. Во овие случувања и пресвртници припаѓаат:

  • етнички конфликти и национализам;
  • глобални закани и несигурност;
  • развој на нови информациски и комуникациски технологии;
  • еколошки проблеми;
  • движење на населението; миграција;
  • настапување на нови форми на досега потиснувани колективни идентитети;
  • барање на зголемена лична автономија и на нови форми на рамноправност и учество;
  • попуштање на социјалното единство и солидарност;
  • недоверба во тогашните политички институции, форми на водење на државата и политичките носители на решенија;
  • растечко сплотување и взаемна зависност на политичко, економско и културно рамниште; ова како регионално, така и меѓународно.

Имајќи го предвид дометот на овие предизвици, беше јасно дека денешните општества имаат потреба од нов вид на граѓани: имено такви, кои не само што ги знаат и разбираат нивните формални граѓански должности, туку исто така се во положба активно да направат нешто за општеството, нивната земја и народната заедница и кои ја восприемаат нивната партиципација на начин кој одговара на нивната индивидуалност и придонесува за решавање на проблеми.

Некои земји во оваа смисла, во последните една, две децении, го  прифатија и образованието за човекови права во наставниот план. Кај вработените во образованието сѐ повеќе се прифаќа спознанието дека помеѓу образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права постои тесна врска и дека применетата политичка ситуација бара променето образование и воспитание во областа на ОДГ/ОЧП.