2 – Работно досие 5: Размислување за дисциплината и редот од демократски аспект

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 5: Размислување за дисциплината и редот од демократски аспект

Тези и начела за рефлексија и дискусија:

  • Редот е неопходен во секоја ситуација. Една група без ред и основни правила не може да биде демократска.
  • Границите се неопходни. Правилата можат да бидат погрешни или несоодветни, сепак сѐ додека не бидат заменети мора да се придржуваме на нив. Можноста да се менуваат правилата треба задолжително да биде предвидена.
  • Децата треба уште од почеток да учествуваат во поставувањето и спроведувањето на правилата. Само така можат да се идентификуваат со овие правила.
  • Без обострана доверба и обострано почитување, една одделенска заедница не може да функционира. Има случаи во кои е тешко да се креира една таква атмосфера.
  • Тимскиот дух мора да го замени конкурентното мислење во одделението.
  • Една пријателска атмосфера во училницата е од централно значење.
  • Социјалните компетенции на наставникот сѐ од одлучувачки придонес (демократски стил на водење, развивање на чувството на припадност кон групата, структура на односите итн.)
  • Комуникацијата во групата е постојана реалност во демократски водените одделенија.
  • Учениците мора да бидат охрабрени да откриваат нови работи и да учат од грешките.
  • Внатре во поставените граници мора да биде возможно да се практикуваат слободи. Самоодговорноста може само на овој начин да се развие.
  • Дисциплината и редот подготвено се прифаќаат и одржуваат, тогаш кога преку нив сите учесници добиваат можност да се изразат и кога дисциплината и редот го поттикнуваат креирањето на задоволителни односи во групата и добри работни услови.