Вежба 5.5. – Перспективи за правдата

Living Democracy » Textbooks » Вежба 5.5. – Перспективи за правдата
Образовни цели Учениците разбираат дека може да има различни перспективи за проблемите во правдата.
Учениците создаваат разбирање за балансот меѓу правата и должностите.
Ресурси Работни листови со перспектива А или Б.

Процедура

  1. Се избира едно од правата за испитување.
  2. Класот се поделува на групи од 4-6 ученика.
    Едната половина од секоја група го добива листот А, другата листот Б.
    Секоја подгрупа подготвува колку што е можно повеќе аргументи во одбрана на исказот кој е на нивниот лист.
  3. Групите се обединуваат. Членовите на подргрупата А го презентираат нивното гледиште на членовите на подгрупата Б, кои мораат да слушаат внимателно и фаќаат белешки.
    Потоа подгрупата Б е на ред.
    Презентацијата на аргументи може да се продолжи со период во кој членовите на подгрупите си поставуваат прашања.
  4. Подгрупите А и Б ги заменуваат улогите. Тие не смеат однапред да се информираат за овој дел од вежбата.
    Тие имаат неколку минути да ги преиспитаат нивните аргументи.
  5. Групите се обидуваат да усвојат заедничка позиција при пишувањето за проблемот кој што е тема на дебатата.
  6. Прашања за земање во предвид:
    • Кои потешкотии ги имавте при обидувањето да се достигне заедничка позиција?
    • Дали фактот дека ги сменивте улогите ја олесни или отежни работата во вашето согласување?

Продолжение

Наставникот (или учениците) наоѓа(ат) случаи во кои слободата на изразување (или злоупотреба на детскиот труд) е контроверзна тема.

  • Како да се избалансираат правата и должностите?
  • Дали има должности (или права) кои ограничуваат одредени права?

Треба да се користи информација од медиумите за ваквите случаи. Истражувањето може да се прошири и да вклучи други човекови права, на пр. слободата на движење или правото на имотност.

Материјали

Перспектива А: Слобода на изразување

Во едно праведно општество, слободата на изразување е основно човеково право кое не смее да се забрани. Во предвид земете ги следните точки:

  • негативните ефекти од цензурата
  • политичките последици од нејзиното ограничување и дисидентство
  • условите во кои другите земји ја забрануваат
  • важноста на слободата на изразување за демократиите
  • кој било друг релевантен проблем.

Перспектива А: Злоупотреба на детскиот труд

Законите против злоупотребата на детскиот труд треба строго да се применуваат за да се заштитат правата на децата за игра, учење и растење во здрави возрасни. Во предвид земете ги следните точки:

  • немањето образование кое е последица од работењето на децата
  • фактот дека децата често работат во нездрави услови
  • начинот на кој се експлоатира детскиот труд бидејќи децата не се организирани да протестираат за таков неправеден третман
  • кој било друг релевантен проблем.

Перспектива Б: Слобода на изразување

Во едно праведно општество, некогаш потребно е да се забрани слободата на изразување за да се заштитат правата на луѓето. Во предвид земете ги следните точки:

  • ефектите од расистичките забелешки врз малцинствата
  • начините на кои говорот може да се користи за да се поттикне насилството
  • како во некои држави слободата на говор не е ограничена и тоа води кон прекршување на правата
  • потребата за промоција на должностите покрај правата
  • кој било друг релевантен проблем.

Перспектива Б: Злоупотреба на детскиот труд

Во интерес на помагање на фамилиите да преживеат во тешки економски услови и помагање на децата да имаат активна улога во општеството, децата треба да можат да работат и да помагаат во поддршката на семејството. Во предвид земете ги следните точки:

  • фактот дека во некои општества каде вработувањето е ретко, децата може да се единствениот извор на приход за семејството
  • фактот дека во многу општества децата традиционално работат подолго од возрасните
  • мислењето дека со забранувањето на децата да работат тие бескорисно се изолираат од светот на возрасните
  • фактот дека работата може да биде формативно искуство за децата
  • кој било друг релевантен проблем.