2 – Работно досие 11: Оценување на образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП) во училиштата

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 11: Оценување на образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП) во училиштата

Демократијата не е феномен кој настанува ’спонтано’ или ’автоматски’. Демократијата од една страна е големо историско постигнување на западната историја и култура, а од друга страна резултат на долговременски процес кој зависи од специфичните околности во една земја. Демократските ставови не се природно дадени, туку тие мора да се стекнат од секој поединец низ искуства во социјални контексти, во семејството и во училиштето. Демократијата не може да се изучува само во лекциите по ОДГ/ОЧП, таа мора да може да се развива во различните неформални и формални структури на училиштето. На училиштето во едно демократско општество му припаѓа една клучна улога бидејќи „едно училиште кое е демократски структурирано и демократски функционира, нема да го поттикнува само демократско-политичкото образование и учениците да ги подготвува за тоа тие да го заземат нивното место во општеството како ангажирани демократски граѓани, туку со тоа ќе се претвори исто така и во една повесела, покреативна и поефективна установа.“42

Училиштата можат да се евалвираат според одредени критериуми, за да се утврди како квалитетот на наставата по ОДГ/ОЧП, исто така и опсегот во кој вредностите како човековите права и демократијата во нив ќе се живеат и ќе се практикуваат. Ова може да следува како со постапка за самооценување, така и со постапка за туѓо оценување.

За евалвација на ОДГ/ОЧП во училиштата потребни се индикатори кои се одразуваат врз трите различни клучни области, во кои ОДГ/ОЧП доаѓа до израз. Притоа се работи за:

  • наставен план, предавање и учење;
  • училишна клима и училишна етика;
  • училиштен менаџмент и училиштен развој т.е. обликување на училиштето43

Интеракцијата на овие области воедно покажува како ОДГ/ОЧП како принцип делува на училишната политика и училишната организација од една страна и како педагошки процес од друга страна.

Во актуелната книга предлагаме инструменти и постапки за самоевалвација на училиштата во која учествуваат сите учесници во училиштето. Во овој контекст самоевалвација значи исто така да се набљудуваат и со неа поврзаните чекори како почетна точка на процесот за подобрување, а не како крај на нешто веќе минато.

Подробен опис на оценувањето на училиштата од аспект на нивното демократско обликување на училиштето ќе најдете во работните досиеја 12 до 18.

42.Совет на Европа (2008): Демократско обликување на училиштето во теорија и пракса, Стразбур, стр.6
43. Совет на Европа (2008): Демократско обликување на училиштето во теорија и пракса, Стразбур.