Лекција 1: Ние сме цензорите!

Living Democracy » Textbooks » Лекција 1: Ние сме цензорите!

Ние одлучуваме што сакаме да читаме

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Како цензори самите за себе, учениците стануваат свесни за нивните претпочитања на одредени медиуми и пораки.
Крајна цел на учењето И продуцентите и корисниците на медиуми се цензори. Медиумите ја создаваат нашата претстава за светот. Тие ја имаат моќта да одлучат што ќе дознаеме (цензура, создавање агенда). Но од друга страна, ние како корисници сме цензори самите за себе. Ние одбираме да отфрлиме одредени медиуми, а да обрнеме внимание на други пораки.
Задачи на учениците Учениците размислуваат за нивните склоности кон одреден весник.
Материјали и извори Насловни страни од два различни весника издадени на ист ден. Во поголеми класови потребни се две изданија од истите весници.
Материјали за ученици 9.1-9.3, табли, маркери, ножици и лепило. Колекција на печатени изданија.
Метод Пленарни презентации и дискусија.
Предавање.
Работа во групи.
Временски буџет Фаза 1: Наставникот го претставува концептот за цензурата – 25 мин.
Фаза 2: Учениците го планираат проектот со ѕидниот весник – 15 мин.

 

Информационо поле

Како корисници, учениците реагираат на разликите во медиумите со тоа што претпочитаат еден весник а отфрлаат друг. Со нивната склоност, учениците делуваат како цензори самите за себе и тие стануваат свесни за ова.

Со менување на перспективата, учениците сфаќаат дека уредниците исто така имаат одредени приоритети и направени избори. Кои избори и од кои причини? Со ова прашање предвид, учениците ќе се впуштат во проектот. Тие ќе ги најдат одговорите правејќи ги истите избори – разбирање на медиумите со создавање медиуми. Тие ја запознаваат клучната задача на оваа тема.

Предавањето на наставникот е поврзано со процесот на конструктивистичко учење на учениците. Наставникот го претставува концептот на цензураоткако учениците го виделе доказот за тоа. Од друга страна, учениците го применуваат новиот концепт во последователниот проект кој ги носи клучните прашања на нивната задача.

Опис на лекцијата

Подготовка на часот

Три недели пред одредениот почеток на оваа тема, наставникот им вели на учениците да собираат печатени медиуми – весници, списанија, журнали, рекламни проспекти итн. Исто така битно е да собираат фотографии. Учениците треба да ги донесат материјалите на час за првата лекција од оваа тема.

Зависно од просторот, материјалите се сортираат и поставуваат на клупите во училницата. Учениците ќе ги користат овие материјали кога ќе работат на ѕидниот весник во лекциите 2 и 3.

Наставникот исто така собира весници и списанија. Како подготовка за првиот час, наставникот наоѓа две насловни страни од различни весници од собраниот материјал. Насловните страни треба да се од истиот ден за сите групи, за споредба меѓу групите и споредба на резултатите во пленарната рунда. Секоја група треба да добие две насловни страни од различни весници. Може да се вклучат и насловни страни на други јазици, ако учениците можат да ги користат.

Веб –страната www.newseum.org содржи PDF верзии (А4 формат) од насловните страни на весници од многу европски земји. Ако наставникот ги користи, тие треба да се копираат за учениците како материјали, наместо да се поставуваат на табла (видете го чекорот 1.1 подолу).

Фаза 1: Наставникот го претставува концептот на цензура

Чекор 1.1: Учениците ја искажуваат склоноста кон одреден весник

Наставникот ги прикачува двете насловни страни на таблата. Тие создаваат пар на контрасти, на пример:

  • Таблоид и квалитетен весник;
  • регионален и национален весник;
  • весници кои претставуваат различни политички погледи, пр. социјал – демократски и нео-либерален.

Ако има повеќе копии од истата насловна страна, тие се поставуваат со доволен простор меѓу нив за сите ученици да имаат добар поглед. Ова заштедува време во поголемите класови.

Учениците ги проучуваат двете насловни страни во тишина.

Наставникот ги замолува учениците да се соберат пред весникот кој го претпочитаат. Учениците формираат две групи, по потреба и трета која ги отфрла двата весника. Учениците кратко ги разменуват нивните гледишта во групи, а потоа ги објаснуваат нивните избори во пленарната рунда.

Наставникот слуша и го овозможува разменувањето на мислења, но не коментира за исказите и изборите на учениците.

Чекор 1.2: Упатство: клучниот концепт на цензурата

Наставникот дава кратко предавање како запознавање со концептот на цензурата и нејзиното двојно значење. Тој/таа го поврзува со контекстот кој го создадоа учениците во чекорот 1.1. Како што учениците покажаа, обично имаме јасна склоност кон одреден весник, бидејќи весниците се доста различни. Претпочитаме еден весник а отфрламе друг. Во секојдневниот живот, можеби претпочитаме да користиме други медиуми, како што се телевизијата и интернетот како извор на информации наместо весникот. На овој многу битен начин, ние делуваме како цензори.Одлучуваме кој медиум и која порака преку тој медиум го добива нашето внимание. Медиумите зависат од нас – без нашето внимание, нивниот труд е залуден.

Тука наставникот ја менува перспективата: цензори не се само читателите, туку и уредниците на весници. Тие одлучуваат што можеме да бираме. На овој начин, ние зависиме од медиумите – примаме само информации кои тие ги одбрале. Затоа концептот на цензура има две значења: и продуцентите и корисниците на медиуми одлучуваат кои информации се битни. Во политиката, цензорите исто така се и создавачи на агенда.

Јасно е дека уредниците исто така направиле избори – различни, како што покажуваат различните насловни страни. Но од кои причини? Учениците ќе го истражуваат ова прашање во проектот кој следи.

Фаза 2: Учениците го планираат проектот со ѕидниот весник

Материјали за ученици 9.1-9.3

Чекор 2.1 Наставникот ги упатува учениците во нивната задача

Учениците формираат групи од четири до шест ученика и прават тим на уредници. Следните два часа тие прават ѕиден весник.

Тие ќе ја играат ограничувачката улога на уредници и ќе се справуваат со прашања како следните:

  • Кои теми да ги вклучиме?
  • Која тема ќе ја одбереме како главна, атрактивна приказна?
  • Што можеме или мораме да отфрлиме, бидејќи просторот е ограничен?

Учениците треба да се свесни дека овие прашања покажуваат што значи слободата на печатот во пракса – уживање во слободата, но исто така одговорност за решавање тешки проблеми.

Наставникот потоа ја објаснува техничката страна. Учениците можат да користат најмногу две хартиени табли. Тие ги пишуваат статиите рачно. Можат да ги користат печатените медиуми за фотографии, дијаграми и добивање информации. Сепак, нивниот простор и време е ограничен. Нивниот весник треба да е готов и да се прикаже на крајот на следниот час.

Учениците ги спојуваат клупите за да имаат доволно голема површина да легнат една хартиена табла.

Чекор 2.2 Учениците го почнуваат нивниот проект.

Според упатствата од наставникот, учениците почнуваат со читање на печатените материјали. Ако има време, тие ги прават следните чекори.