Час/лекција/ 1: Што е Европа?

Living Democracy » Textbooks » Час/лекција/ 1: Што е Европа?

Што знам за Европа

Цели на учењето Учениците го реактивираат своето знаење за Европа и го откриваат нивното мислење за континентот.
Задачи на учениците Учениците работат со мапа од Европа. Покажуваат од каде доаѓаат, запишуваат кои градови ги знаат, кои земји им се познати, и кои знамиња и други важни работи веќе ги знаат, итн.
Ресурси Испечатени копии од мапата на Европа, портрети на земјите, пенкала, лепило, ножици, атлас, книги, Интернет (ако е возможно).
Методи Индивидална и групна работа, пленарна дискусија.

Опис на часот

Учениците добиваат копија со празна мапа од Европа (најдобро би било тоа да е на А3 формат). Нивната задача е да го реактивираат нивното познавање за Европа. Започнуваат да работата на различните прашања кои се наведени под мапата.

Потоа, наставникот им ги претставува информациите кои се содржани во одделот за материјали за учениците (земји и нивните главни градови, знамиња, реки, планини и релјефни форми). Учениците работат со овој материјал, но исто така можат да соберат информации од други ресурси, сè дури истите можат да ги донесат во училницата (Интернет, атлас, книги итн.).

Завршените мапи на Европа се ставени на ѕидот.

За домашна задача, учениците одбираат една Европска земја за нивното проучување. Го пополнуваат “Портретот на земјата” се до вториот час. Исто така, треба да најдат партнер со кој можат да работат на наредните часови и кои би избрале земја за проучување која е блиска до онаа која ученикот ја избрал.