2. Пребарување на Интернет

Living Democracy » Textbooks » 2. Пребарување на Интернет

За било која тема која ќе ја замислите, можете да најдете информации на Интернет. Треба да размислите како да ја пронајдете најкорисната и најточната информација во врска со вашата тема.

1. Изнаоѓање на информаци

Напишете клучни термини за вашата тема или за одредена тема на посебен лист хартија. Размислете што точно сакате да дознаете за темата.

На пример:

  • ОДГ/ ОЧП;
  • Совет на Европа;
  • Малцинства;
  • Демократија.

Комбинирајте термини за пребарување, на пример, “средновековни градски пазари” со користење на наводници.

  • Кои комбинации на зборови ви помагаат да дојдете до најрелевантната информација за вашата тема? Запишете ги овие критериуми на лист хартија.

2. Проверување на вашата информација

Бидејќи секој може да има пристап на Интернет и да пласира информација, важно е да се провери информацијата која ја имате најдено пред да ја употребите.

Обидете се да ги разјасните следните проблеми:

  • Дали оваа информација може да се најде на други Интернет портали?
  • Кој ја пласирал информацијата во јавноста?
  • Каков интерес би имало лицето или организацијата кои ја пласирале информацијата во јавноста?
  • Дали лицето или организацијата се доверливи?

Споредете ја информацијата од Интернет со информација од други извори:

  • Дали може да ја најдете истата информација во книга, со помош на интервју или преку лични искуства?
  • Дали информацијата на Интернет е проследувана, разбирлива, поразбирлива за разлика од онаа во книга, интервју или од онаа добиена преку набљудувањето?
  • Која информација е најкорисна?

3. Зачувување на информацијата

Откако ќе најдете соодветна Интернет страна на која ќе можете да се навратите подоцна или која ќе можете да ја користите како извор за вашата работа, направете листа на Интернет страни:

  • Отворете посебен документ;
  • Означете ја адресата;
  • Копирајте ја адресата со притискање на CTRL и C во исто време;
  • Копирајте ја адресата во документот со притискање на CTRL и P во исто време;
  • Зачувајте го документот под име “интернетстрани_демократија”.