Материјал за учениците 1.1: (Прва група) Играње на улоги

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 1.1: (Прва група) Играње на улоги

Договорете се и одберете еден претставник од вашата група кој гласно ќе го прочита краткиот извадок од дневникот и задачата за вашата група.

Назначете друг член од вашата група кој ќе ги бележи вашите резултати и ќе ги презентира пред одделението.

Извадок од дневникот на Макс:

„Денес е мојот прв ден во моето ново одделение. Моето семејство се пресели тука од друг регион и јас сеуште се чувствувам како странец. Драг дневнику, многу работи ми се случија во последните неколку денови. Ке ти раскажам дел од нив.

Сега, ние живееме во стан блиску до реката. Едно од момчињата од моето одделение живее неколку врати потаму. Тој веќе дојде кај мене уште третиот ден за да ме праша дали сакам да одам на риболов со него. Јас реков „не“, бидејќи мојата јадица е сеуште спакувана во една од кутиите.“

Задачи:

  1. Соберете листа на епитети за кои мислите дека соучениците на Макс би ги искористиле за неговото опишување („бура на идеи“ во вашата група).
  2. Што мислите, што би кажал некој соученик на Макс на останатите соученици за него? Извежбајте кратка сцена која ќе можете да ја одглумите пред одделението.