Материјал за ученици 9.3: Совети за пишување добра новинарска статија

Living Democracy » Textbooks » Материјал за ученици 9.3: Совети за пишување добра новинарска статија

Пред да почнете да пишувате

Размислете за целта на вашата статија. За новинарска статија, целта најверојатно би била да се информира публиката.

Направете истражувања и интервјуа и внимавајте да фаќате белешки и да ги запишете корисните цитати.

Додека пишувате

Користете активни глаголи за да покажете што навистина се случува.

Прво кажете ги доста интересните информации.

Следете го примерот подолу.

Прв параграф

Обидете се да го „закачите“ читателот почнувајќи со хумористичен, духовит или изненадувачки исказ. Стремете се кон различност – обидете се да го почнете текстот со прашање или провокативен исказ. Во првата или првите две реченици, осврнете се на прашањата кој, што, кога, каде и зошто.

Втор/трет/четврт параграф

Изнесете му ги деталите на читателот со одговарање на петте прашања:

  • Кој бил вклучен?
  • Што се случило?
  • Каде се случило тоа?
  • Кога се случило?
  • Зошто се случило?

Вметнете еден или два цитати од луѓе кои сте ги интервјуирале. Пишувајте во трето лице (тој, таа, тоа или тие). Запаметете да останете објективен и никогаш не го изнесувајте вашето мислење отворено. Користете цитати за да ги изразите мислењата на другите.

Последен параграф

Привршете и не го оставајте читателот „да виси“. Обидете се да завршите со цитат или впечатлива фраза или концизно резиме.

(преземено)

Извор: Media Awareness Network

Оригинален документ:План за час, Новинар на еден ден

Автор: Џини Волер

www.media-awareness.ca