Час 4: Идентитет: Стереотипи за мене!

Living Democracy » Textbooks » Час 4: Идентитет: Стереотипи за мене!

Како јас се гледам себеси – како другите ме гледаат мене?

Цел на учењето Учениците стануваат свесни за тоа како се тие перцепирани од другите и учат да го прифатат тоа. Тие подобро разбираат како другите гледаат и реагираат на нивниот идентитет.Тие го истражуваат ефектот, кој го има нивниот идентитет, врз другите.
Задачи за учениците Учениците се опишуваат самите себе и едни со други, а потоа ги споредуваат нивните резултати.
Материјали Материјал за учениците 1.2.
Метод Работа во парови.
Пленарна дискусија.

Часот

Наставникот го започнува часот, сумирајќи ги резултатите од двата претходни часа и објаснувајќи го распоредот за денешниот час.

Потоа, наставникот го потсетува одделението дека тие имаа започнато со гледање во поединецот (личната состојба на момчето), движејќи се кон проучување за тоа како се гледа на поголемите групи, како што се професиите, етничките групи и цели земји. Сега, тие повторно ќе се насочат кон поединецот, но овој пат, самите ученици кон себе – секој во одделението – ќе биде во фокусот.

Тие ќе се концентрираат на прашањето:

Кој сум јас?
Како би можел да се опишам себеси! Самоперцепирање
Како би ме опишал еден ученик од одделението? Перцепирање од другите

Наставникот го поткрепува неговиот/нејзиниот вовед во часот со цртање на оваа табела на таблата или на флип чарт. Тој/таа, исто така, може да ги замоли учениците да повторат за она што го научиле во изминатите два часа, за разликата помеѓу самоперцепирањето и перцепирањето од другите. Во продолжение, или како алтернатива, тој/таа може да ги повтори клучните концепти за стереотипите и предрасудите.

Сега, наставникот ги зема материјалите и им ги покажува описите за Макс на учениците. Ова би требало да им помогне на учениците да размислуваат за, колку што е можно повеќе, квалитети и карактеристики на луѓето. На учениците им се задава задача за набројување, на колку што е можно повеќе, епитети кои можат да се искористат за да опишеме една личност. Наставникот сигурно ќе даде некои идеи и сугестии за ова прашање. На пример, учениците можат да бидат водени по категории, кои им даваат значење и фокус на описните придавки. Таквите категории би можеле да го вклучат следново:

Како би можеле да опишуваме луѓе:

  • ако се тие во добро расположение?
  • ако се тие во лошо расположение или се дури и бесни?
  • ако се тие добри пријатели?
  • ако сакаме да опишеме како тие изгледаат?
  • ако сакаме да ги опишеме како ученици?

Подобро од прашувањето на неколку ученици да дадат неколку идеи, во ситуација на фронтална настава, е ситуацијата да се вклучи целото одделение. Ова може да се постигне со следната вежба5, во која учениците работат сами за да создадат разновидност на идеи. Во аглите од училницата или на одделни клупи, треба да се обесат или да се постелат големи листови хартија. Врз нив, различни клучни зборови или категории ќе бидат дадени како наслови. Учениците се движат во тишина низ училницата и ги запишуваат нивните идеи на постерите (идеално е да се обезбеди по еден маркер за секој постер). Бидејќи тие ќе можат да го прочитаат она што другите ученици го имаат напишано, тие нема да се повторуваат едни со други, но можат да одговараат со коментари и нови идеи.

Резултатот од една ваква вежба би можел да изледа вака:

Како изгледа една личност кога е во добро расположение?

  • весело
  • се шегува
  • опуштено
  • комуникативно
  • распеано
  • шармантно

Не се потребни продолженија во пленарната дискусија, бидејќи целта на оваа вежба е да им се дадат идеи за работа на учениците во следниот чекор. Наставниците веќе треба да имаат предвидено кои ученици би можеле да работат заедно во парови во вој стадиум. Ова е значајно, бидејќи учениците ќе работат на една деликатна тема. Поради тоа, наставникот не треба да ги стави учениците, кои не се поднесуваат, да работат заедно, а треба да се осигура дека ничии чувства нема да бидат повредени.

Тимовите ја добиваат следнава задача:

Сега, вие истражувате како се перцепирате самите себе, а како ги перцепирате другите. Направете го тоа на следниов начин:

  • Прво, работете сами.
  • Погледнете во многуте описи на постерите во училницата и одберете зборови, кои според вашето мислење, добро ве опишуваат. Напишете ги во вашиот лист.
  • Додадете ги вашите квалитети и описи во одредени ситуации кои не ги пронајдовте на постерите. Напишете ги во вашиот лист.
  • Потоа, на ист начин, опишете го вашиот партнер.
  • Кога и двајцата ќе завршите, споделете ги резултатите. Ќе биде интересно да се види колку има сличности, а колку разлики во описите и давањето судови, па дури и ако сте контрадикторни еден кон друг. Искажете ги вашите мисли и чувства:
    • Што ме изненадува?
    • Што ме прави среќен?
    • Што ме прави да се чувствувам здодевно?
    • Што ме повредува?
    • Дали можеш да го поткрепиш твојот суд со неколку примери?
    • Кои описи се (позитивни или негативни) стереотипи?

Наставникот би требало да одлучи дали ќе направи краен, пленарен дебрифинг на крајот од овој час (што е, исто така, и крај на оваа наставна тема, иако се можни и продолженија) или ќе направи резиме на процесот на учење низ поминатите четири часови. Кој и да било метод да го одбере, наставникот ќе забележи дека работната атмосфера во одделението е подобрена во текот на оваа тема. Учениците ќе развијат поблиски врски еден кон друг и ќе направат интересни откритија, кои ќе ги споделуваат едни со други. Сега, тие можат да прават разлика помеѓу:

  • стереотипи и предрасуди;
  • самоперцепирање и перцепирање од другите.

Тие имаат напреднато во развивањето на нивните социјални компетенции, кои ќе им користат во нивниот секојдневен живот, и во одделението и во училиштето, како целина. Учениците често ќе наидуваат на темите, започнати во овие четири часови, со што ќе го зацврстуваат она што веќе го имаат научено.

5.Предложената вежба тука е варијанта на „Ѕидот на тишината“ (погледни ОДГ/ОЧП Книга 6, „Развивање нови идеи во ОДГ/ОЧП“).