ТЕМА 5: ПРАВИЛА И ЗАКОНИ

Living Democracy » Textbooks » ТЕМА 5: ПРАВИЛА И ЗАКОНИ

Кои правила најмногу ни користат?

„Правила и алатки“ – конструктивистички пристап кон разбирање на институциите

Овој слоган го сумира клучниот исказ на кој е фокусирана оваа тема. Правилата, законите, уставите и Универзалната декларација за човекови права можат да се сумираат во концептот на институциите. Во овој прирачник  инститциите се сметаат за производи – луѓето ги создале овие институции со некоја цел. Во оваа смисла „правилата или генерално институциите се алатки“

Институциите се алатки кои имаат улоги како што се следните:

  • Тие решаваат сериозни проблеми во општеството;
  • Тие ги неутрализираат потенцијалните извори на конфликт, бидејќи создаваат стабилност и сигурност;
  • Тие ги одредуваат односите на моќта меѓу групите со различни интереси; тие можат да ги заштитат послабите или да дадат ексклузивна моќ на одредена група, па дури и индивидуалци.

Затоа, за да се разберат институциите мораме да ја разбереме целта или интересот која нивните создатели ја имале на ум. Институциите се комплексни системи кои решаваат комплексни проблеми. Тие се создаваат преку процесите на преговори и конфликт, револуција или реформа. Во демократиите развојот на институции е процес на колективно учење кое се одвива во рамката на процедурални правила, бидејќи основните закони мора да се создадат внимателно и одговорно.

Учениците ги разбираат институциите преку создавање на институција

Клучното проникнување – конструктивистичката димензија во развојот на институции – се отсликува во клучната задача на оваа тема. Учениците се соочуваат со политички проблем и ја имаат задачата – измислување на рамка од правила кои би го решиле проблемот. Тие стануваат свесни за проблемите кои ги имаат создавачите на институции и можат да го анализираат уставот, законите на нивната држава како и човековите права, концентрирајќи се на намената на институциите наместо концентрирање на изолирани правила и прописи.

Оваа верзија на темата 5 е создадена како продолжение на тема 4, но може исто така да се користи како посебна тема од четири лекции (видете подолу за понатамошни детали за оваа можност). И двете варијанти ја даваат истата задача и се концентрираат на истата тематика. Проблемот со кој учениците се соочуваат е како заедницата на рибари заедно да ги раководат заедничките ресурси или рибите во езерото (за моделот на одржливи цели видете го материјалот за ученици 4.2). Мора да се решат најмалку четири проблеми:

  1. Како рибарите да го избегнат прекумерниот риболов и уништување на рибниот фонд?
  2. Како рибарите да постигнат максимална заработка?
  3. Како рибарите да постигнат фер распределба на заработката?
  4. Како рибарите да ги постигнат овие цели за денес, долгорочно и во иднината?

Учениците ги знаат клучните решенија на овие проблеми. Материјалот за ученици 4.4 ги дава бројките за оптимален риболов (42 тони). На рибарите им е потребна рамка од правила која ќе го контролира однесувањето за да се постигнат овие цели. Учениците имаат задача да ја создадат оваа рамка. Генерално гледано, тие можат да го одберат пристапот „држава“ и пристапот „договор“. И двата пристапа имаат позитивни и негативни страни (види материјал за ученици 5.2).

И двата пристапи се покажале како успешни во некои случаи, а неуспешни во други.12 За да се види дали решенијата на учениците функционираат или не, тие треба да се тестираат, што значи дека треба да се одиграат неколку рунди од риболовната игра (види тема 4) во продолжение на оваа тема. Затоа темата 4 и 5 можат да се комбинираат како лабораторија за создавање на институции и раководење со одржливи ресурси – фасцинантен проект, но проект кој бара време.

Оваа тема – модел за реалноста

Како и темата 4 и оваа тема може да се смета за игра. Учениците поучени од темата 4 сега знаат како да го решат проблемот со прекумерниот риболов со усвојување на одржливите цели (видете го материјалот за ученици 4.2). Тие дискутирале за тоа каков тип на институција би бил соодветен (лекција 4) но не го истражиле ова подлабоко. Оваа верзија на темата  5 е продолжување на риболовната игра, но со различен фокус: кои правила или закони се во најголема корист за риболовната заедница?

Темата 5 го симулира процесот на планирање и согласување за институционална рамка за рибарската заедница. Затоа учениците се враќаат во нивните улоги како членови на рибарската заедница, но нивната задача е поинаква. Тие ја создаваат рамката на правила. Оваа игра не е исклучок на правилото дека моделот ја намалува комплексноста, за полесно концентрирање на одредени аспекти кои се битни за проблемот што се проучува. Овде играчите не треба да се грижат за риболовот и обезбедување на благосостојбата. Нема екстерна сила која ќе ги наруши нивните дискусии. Моделот на игра се концентрира на создавањето на рамка на правила. Како и во реалноста, преговорите може да се неуспешни – играчите можеби нема да постигнат согласност. Во овој аспект, критериумите за успех при политичките преговори и процесот на учење на ОДГ/ОЧП се разликуваат. Учениците можат да научат многу од нивните неуспеси при постигнување на договор.

Улогата на наставникот – раководител на играта и претседавач

Како раководител на играта наставникот треба да предава уште помалку отколку во риболовната игра. Тој/таа е раководител со времето и дава структура на процесот. Во спротивно ваквиот тип на игра не би можел да се спроведе на часовите по ОДГ/ОЧП. Наставникот не треба да ги насочува учениците да направат одредени избори. Процесот на одлучување е отворен – може да е неуспешен ако учениците не се согласат за нацрт-плановите, бидејќи возможни се различни избори. Причините за изборите на учениците се интересни исто како и самиот резултат на играта.

Како да се користи темата 5 како посебна тема од четири лекции

Основиот дизајн на темата останува ист. Следните измени овозможуваат да се користи темата како тема со четири лекции:

  • Учениците играат советници на рибарската заедница наместо граѓани. Советниците формираат тимови кои создаваат рамка од правила, дискутираат за нив и на крај се согласуваат за тоа кој модел сакаат да го претстават на заедницата.
  • Првата лекција е посветена на проучување на проблемот. Учениците го добиваат случајот со риболовниот конфликт (материјал за ученици 4.1 и решението на проблемот за одржливоста – материјали за ученици 4.2 и 4.4).  Затоа учениците не треба да го решат овој проблем, но можат да се концентрираат на прашањето со кои правила можат да се мотивираат, контролираат па дури и присилат рибарите за да се постигне целта на одржлив риболов. Учениците исто така мораат да се справат со проблемот на поседување имот.

Со овие модификации темата може да го проследи дизајнот предвиден за интегрираната верзија на темата 5.

Развивање на компетенции: упатувања до другите теми во оваа книга

Што покажува оваа табела

Насловот на овој прирачник, Учество во демократијата се концентрира на компетенциите на активниот граѓанин во демократијата. Матрицата го покажува потенцијалот за дополнување помеѓу темите во овој прирачник. Матрицата покажува кои компетенции се развиваат во 5-тата тема (засенчениот ред во табелата). Колоната која е со задебелена рамка ги покажува компетенциите за донесување политички одлуки и делување – таа е задебелена поради блиските врски со учеството во демократија. Редовите подолу ги означуваат врските со други теми во овој прирачник: кои компетенции што ги поддржуваат учениците во 5-тата тема се развиваат во овие теми?

Како може да се користи оваа матрица

Наставниците може да ја користат оваа матрица како алатка за правење план за часовите по ОДГ/ОЧП на различни начини.

  • Оваа матрица им помага на наставниците кои имаат само неколку часа да ги посветат на ОДГ/ОЧП: Наставникот може да ја одбере само оваа тема и да ги изостави другите, бидејќи тој/таа знае дека некои од клучните компетенции до одреден степен се развиваат во оваа тема – на пример, анализа на проблем, оценување на ефектот на правилата, истражување на важноста на личната одговорност.
  • Матрицата ги потсетува наставниците на потенцијалот за дополнување кој помага за учениците постојано да се обучуваат, во битни области и различни контексти кои се поврзани на многу начини. Во овој случај наставникот бира и комбинира повеќе теми.
Теми Димензии на развојот на компетенции Ставови и вредности
Политичка анализа и расудување Методи и вештини Учество во демократија
Донесување политички одлуки и делување
5 Правила и закони Основни модели за институциони рамки и правила на сопственост Тимска работа, управување со време
Споредба
Избирање
Социјален договор
или
согласување за предложена опција
Почит за правилата и законите во цивилизиран конфликт
4 Конфликт Отсуството на правила раѓа конфликти Справување со неформалите околности на различни интереси
2 Одговорност Стимулациите имаат силно влијание на нашето однесување Справување со дилеми, одредување приоритети Свесност за последиците од нашите одлуки
8 Слобода Практикувањето на слободата бара правила кои ќе ги заштитат послабите Дебатирање, расправање за нечија поента Слобода и нормирање Заемно признавање
6 Влада и политика Правилата и закони се важни алатки за решавање проблеми и конфликти Компромисот и обидите и грешки во процесите на одлучување

 

ТЕМА 5 Правила и закони – Кои правила најмногу ни одговараат?

Игра на одлучување

Тема на лекција Стручно оспособување/цели на учење Задачи на ученикот Материјали и извори Метод

Лекција 1 и 2

Зошто на заедницата ѝ требаат правила?

Аналитичко размислување, планирање на задачи.
Идентификување на политички проблем.
Рамката од правила е институциониот „р’бет“ на заедницата.
Хиерархијата и деловните контакти – два системи на правила; јавен и приватен имот.
Учениците прават рамка од правила за нивната заедница.
Учениците ги подготвуваат нивните презентации.
Материјал за ученици 5.1, 5.2, 5.4.
Хартиени табли, маркери, проектори или печатени материјали.
Игра на одлучување.
Работа на проекти.

Лекција 3

Кои правила најмногу ни одговараат?

Аналитичко размислување: споредба на критериуми.
Расудување: бирање критериуми и цели.
Ставови и вредности: заемно признавање.
Ефикасност, контрола на моќта, спроведување на правилата, изводливост,
Учениците ги споредуваат и оценуваат нивните нацрт-решенија.
Домашна задача: учениците одлучуваат за нацрт-рамката и нацрт-правилата за конференцијата.
Материјал за ученици 5.3, 5.4.
Хартиени табли (или алтернативи).
Презентации.
Дискусија.

.

Лекција 4

Конференцијата

Одлучување.
Компромис, консензус за правилата.

.

Учениците се обидуваат да постигнат едногласна одлука.
Учениците размислуваат за нивното искуство.
Материјал за ученици 5.4-5.6. Гласање.
Предавање на наставникот и дискусија.

14. Види Елинор Остром, Владеење со обичниот народ. (Elinor Ostrom, Governing the Commons. The evolution of institutions for collective action, Cambridge University Press, 1990.