2 – Работно досие 6: Размислување за улогата на наставникот од демократски аспект

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 6: Размислување за улогата на наставникот од демократски аспект

Наставникот треба да го води и придружува одделението, тоа е неговата задача. Тој мора да носи решенија и да го сочува целосниот надзор. Она што наставниците сепак би требало да го избегнуваат, е обидот да преземаат контрола над процесите на мислење и личниот развој на нивните ученици. Особено во образованието за демократско граѓанство и човекови права наставникот станува модел на однесување за неговите ученици. Но како како наставник да се справиш со конфликтите? Која концепција за човекот поттикнува конфликти или обратно придонесува за нивно намалување? Следното набројување нуди индикации и импулси за рефлексија во форма на листа со поларни карактеристики, со чија помош наставникот може самиот да се класифицира. Притоа е јасно дека според ситуацијата за учење, дневната форма, составот на групата или специфичната положба на темата може да има смисла наставникот еднаш да се однесува повеќе директивно и авторитативно („автократски“), а друг пат напротив повеќе интегративно и демократски.

Ситуација на учење
Повеќе автократски Јас Повеќе демократски
Наставникот како владетел
Наставникот како иницијатор и модератор на процесите на учење
Остар глас
Пријателски глас
Заповед
Покана, замолување
Моќ
Влијание
Притисок
Предлог
Барање на послушност
Постигнувањена соработка
Наметнување на задачи
Предлагање на идеи
Преовладува критичкиот начин
Преовладува охрабрувачкиот начин
Често казнување
Често поддржување и помагање
„Прави тоа што ти велам!“
„Ајде заедно да разговараме за тоа.“
„Јас одлучувам, а ти слушаш!“
„Јас ќе предложам нешто и ќе ти помогнам да се одлучиш“.
Заедничка одговорност за групата кај наставникот
Заедничка одговорност со групата и за групата