Материјал за ученици 8.1: Предлози за проблем на дебатата

Living Democracy » Textbooks » Материјал за ученици 8.1: Предлози за проблем на дебатата

Вашата задача

  1. Прво соберете ги сите идеи кои ви доаѓаат на ум и забележете ги – бура на идеи (анг. –brainstorming)).
  2. Подредете ги идеите во категории.
  3. Потоа проверете ги според следните критериуми:
    3.1. Дали се бара да се направи избор или донесе одлука?
    3.2. Дали има добри причини да се расправа за и против одреден избор или одлука?
    3.3. Дали вие и другите ученици во класот знаете нешто за овој проблем?
    3.4. Дали мислите дека овој проблем ќе ги интересира учениците во вашиот клас?
    3.5. Дали вие и другите ученици ги имате потребните информации, или дали можете да ги најдете? (Можеби знаете доста од вашето секојдневно искуство; или можете да најдете податоци или извештаи од други извори, пр. книги, весници или интернет.)
    Ако ги одговорите прашањата со „не“, вашиот предлог не одговара.
  4. Одберете една или две идеи и најдете материјал ако е потребно. Можете да го формирате проблемот како теза или прашање со да/не.
  5. Впишетее го предлогот во категоријата која припаѓа, заедно со вашите имиња. Гледајте да ги предадете резултатите пред да заврши крајниот рок, за да можат сите други да го прочитаат вашиот придонес.
  6. Исечете ја белешката подолу, пополнете ја и оставете ја каде што ви покажал наставникот. Додадете ги вашите материјали.
  7. Прочитајте ја таблата и материјалите на другите ученици пред часот.

Белешка: Предлози за проблем на дебатата

Имиња:

 

Проблем Категорија (секојдневен живот, живот во училиштето, итн.) Материјали