Час/Лекција 3: Како да започнам да бидам одговорен?

Living Democracy » Textbooks » Час/Лекција 3: Како да започнам да бидам одговорен?

Учениците ги прават првите чекори за да го направат своето училиште поеколошко

Цели на учењето Учениците планираат конкретна имплементација на посбни/индивидуални чекори. Аспекти како реалистичен менаџмент на време и способноста да се носи компромис во групата, како и целокупната флексибилност треба да се целите кон кои учениците ќе се стремат.
Задачи на учениците Учениците го користат даденото време за имплементција на дадените активности.
Ресурси Индивидуална работа во зависност од планот за дејствување.
Методи Практична апликација.

Опис на часот

Групите ученици треба да ги презентираат своите листи за проверка. Прв пат за време на овој час, наставникот треба да ја води дискусијата за видовите на одговорност или моќ која учениците навистина ја имаат:

  • Што можеме да промениме?
  • Што не мора да биде променето?
  • Каков вид на отпор ќе има?

После нивната пленарна дискусија, одредени одлуки треба да се преземат:

  • Кои се првите чекори кои сакаме да ги преземеме?
  • Колку време сакаме да вложиме?
  • Дали ќе формираме “еко-група” за тоа?
  • Дали сакаме да се концентрираме на едно поле (на пример, вода, ѓубре или електрична енергија) или сакаме да преземеме општи чекори во полето на екологијата?

Важно е да се одредат задачи кои учениците навистина ќе можат да ги остварат. Ова значи дека треба да се располага со информации или пак да се започне кампања за подигнување на свеста низ целото училиште.

Под водство на група ученици (еко-групата) треба да се направи краток акционен план и треба да се поделат задачите (на голем лист на таблата или на flipchart-от).

Во зависност од нивото на класот, наставникот треба да го води процесот на донесување на одлуки. Важно е учениците да останат реалистични и да не планираат и создаваат нешто што нема да можат да го исполнат со помош на постоечките материјали или ресурси.  Можно е да се потребни дополнителни финансиски ресурси или да се консултираат надворешни организации. Овие одлуки треба да се донесат во класот.

Сите овие задачи треба да  е направат пред наредниот час, или индидвидуално или во мали групи. Искуството покажало дека документирањето на овие процеси со слики, цртежи итн., се покажало како мотивирачки за учениците.