Час/лекција 2: Што ќе се случи ако…?

Living Democracy » Textbooks » Час/лекција 2: Што ќе се случи ако…?

Непридржувањето кон правилата има последици

Цели на учењето Учениците дискутираат за последиците од кршење на правилата. Тие ги разгледуваат училишните правила во однос на принципите на еднаквост, фер однос, учество и почит.
Задачи на учениците Учениците играат игра со улоги во која училишните правила не се почитувани. Ги анализираат постоечките училишни правила и ги дискутираат и запишуваат вистинските и можните последници од нивното непочитување. Тие покажуваат што е тоа што би сакале да го променат во училишните правила, зошто би го променале тоа и како.
Ресурси Лепенки, пенкала, flipchart, листа со училишните правила за секоја група, верзија од училишните правила напишани со големи букви на таблата или на flipchart-от.
Методи Играње улоги во групи, пленарна дискусија, групна работа.

Опис на часот

Учениците формираат групи од по четири ученици. Изведуваат ситуации во кои училишните правила се прекршени. Групите разговараат за правилата пред да почнат да глумат. Ситуациите во кои би глумеле можат да бидат:

  • Играње фудбал;
  • Несоодветно однесување во училницата;
  • Играње на компјутерски игри;
  • Несоодветно однесување на училишното игралиште;
  • Зборување за време на часот;
  • Тепање со соученици, итн.

За секое прекршено правило, учениците забележуваат и запишуваат кои се последиците или – ако нема- можните последици. Групите потоа ги разгледуваат своите белешки и се враќаат на пленарната дискусија.

На пленарната дискусија, се разгледуваат следните прашања:

  • Како правилата ги поддржуваат нашите права и одговорности и ни помагаат да живееме заеднички безбедно, правилно и добро?
  • Зошто ни се потребни правила?
  • Како сите би знаеле кои се правилата?
  • Дали правилата се фер за сите?
  • Дали има ситуации кога правилата се променуваат?
  • Кој треба да ги прави правилата и зошто?
  • Што ќе се случи ако не ги почитуваме правилата?

После дискусијата, учениците се враќаат во своите четворочлени групи. Разговараат дали сакаат да променат нешто во постоечките правила на училиштето. Доаѓаат до заклучок како група и кажуваат кои промени сакаат да ги направат со додавање на нивниот предлог на таблата или на flipchart-от на верзијата на училишни правила.