2 – Работно досие 5: Оценување на учениците – влијание на оценувањето врз саморазбирањето

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 5: Оценување на учениците – влијание на оценувањето врз саморазбирањето

Оценувањето на училишните постигнувања не влијае само на експлицитните предмети кои може да се набљудуваат како квалификациите на учениците, нивната училишна селекција и кариера, а со тоа евентуално и на нивната општествена положба. Исто и другите аспекти на личноста, како самоперцепцијата, самодовербата и општата проценка на сопствените компетенции и способности се засегнати од тоа. Затоа училиштето има енормно влијание врз саморазбирањето и  самопроценувањето на учениците. Видот и последиците од ова влијание зависат од тоа кои форми на оценување се избираат и како тие се имплементираат. Во однос на трите референтни норми на оценување (социјална, ориентирана кон целта на учење и индивидуална норма) наведени во работното досие 4, може да се каже следново:

Социјална референтна норма

Со оглед на социјалниот контекст во кој се случува учењето во училиштето, социјалната референтна норма може да понуди важни искази за компетенциите на поединечни ученици во однос со другите ученици. Истовремено, таквите проценки на компетенциите кои се ориентираат на стандардот на групата имаат силно, делумно и демотивирачко влијаније на самоперцепцијата и саморазбирањето на учениците. Проблематично е тоа што истото постигнување според околната односна група (на пр. силно или слабо одделение) различно се вреднува.

Референтна норма ориентирана кон индивидуата или индивидуална референтна норма

Кај индивидуалната референтна норма се споредуваат интраиндивидуалните разлики. Како се разликува постигнувањето во изминатиот месец на еден одреден ученик на пр. во ОДГ/ОЧП од актуелното постигнување? Овде се случува споредба вдолж временската оска. „Зголемувањето на постигнувањето“се регистрира за одреден временски период, така да на ученикот може да му се даде повратна информација за спектрумот на неговите постигнувања, како и за размерот на зголемувањето или намалувањето на постигнувањата. Постигнувањата притоа не се споредуваат со оние на другите ученици; она што се наоѓа во преден план е индивидуалниот напредок. Овој вид на оценување одговара исто и на неформалните процеси на учење кои се случуваат надвор од училиштето и кај кои ученикот самиот си го оценува сопствениот напредок.

„Објективна“ референтна норма ориентирана кон целта на учење или ориентирана кон критериумите

Овде се поставува училишното постигнување во однос на дефинирана цел на учење. Притоа индивидуалниот напредок се споредува со реалистична и достижна цел. Оваа форма на оценување, ориентирана кон критериумите и задачите дава информација за односот помеѓу реално постигнатите и идеално типично совршено постигнување. Споредбата на поединечното постигнување со постигнувањето на групата притоа е споредно. Тестовите и испитувањата базирани на критериуми се ориентираат на јасно дефинирани цели и го мерат постигнатото постигнување со помош на стандард на постигнувањето, донесен од наставникот. Ова исто така обусловува наставникот декларирано и јасно да ги одредува целите на постигнување кои учениците треба да ги постигнат. Притоа во смисла на индивидуализирање и внатрешно диференцирање може да има смисла да се дефинираат на пр. три различно претенциозни нивоа на постигнување. Со тоа се избегнува долната третина од одделението да се чувствува преоптоварена, а горната третина премалку оптоварена.