2 – Работно досие 13: Основни принципи за евалвација на образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП)

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 13: Основни принципи за евалвација на образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП)

ОДГ/ОЧП е динамичен, опсежен концепт ориентиран кон иднината. ОДГ/ОЧП го поттикнува моделот на училиштето како место на учење и предавање кој подготвува на живот во едно демократско општество и тоа мултидисциплинарно и преку класичната училишна настава и традиционалните врски – наставник – ученик (Совет на Европа: Демократско обликување на училиштата во теорија и пракса, 2008, линк види горе во работно досие 12).

Вредности, ставови и начини на однесување

Како што веќе е објаснето во делот 1 од оваа книга во ОДГ/ОЧП во прва линија се работи за тоа да се направат промени во однос на вредностите, ставовоте и начините на однесување. Како и кај сите евалвации – на учениците, наставниците или училиштата – димензиите како вредности и ставови навистина се екстремно тешки за мерење, бидејќи постои опасност од субјективни интерпретации. Притоа вредностите и ставовите во контекст на едно училиште најчесто не се изразуваат експлицитно во прва линија преку одредено однесување, туку напротив имплицитно преку начинот како функционира, комуницира и се организира односното училиште.

Собирање на податоци

Евалвирањето на ОДГ/ОЧП во едно училиште може да се направи на различни начини. ОДГ/ОЧП индикаторите ги одредуваат само основните рамковни услови за развојот на постапката за собирање на податоци или за одредување на методите за обезбедување на информации.

Следните прашања можат притоа да се покажат како корисни:

  • Што? Какви информации и докази се бараат?
    → организација на училиштето
    → доминантни вредности во училницата
    → разбирање на основните концепти
    → структури на авторитет итн.
  • Каде? На која средина на учење на ОДГ/ОЧП се однесува релевантниот индикатор/релевантната поттема и како се докажува соодветното дејство?
    → одделенска настава
    → утринско собрание
    → групна работа во наставата по ОДГ/ОЧП
    → училишна прослава
    → проектна седмица итн.
  • Материјал: Кои документи ги содржат потребните информации?
    → стратегиски документ за политиката на училиштето
    → модел на училиштето
    → наставни планови на училиштето
    → училишна регулатива (политика)
    → статути во однос на учениците
    → почесен кодекс на наставниците итн.
  • Кој? Кои лица или групи на интерес можат да ги испорачаат потребните информации?
    → ученици
    → наставници
    → родители
    → локални служби
    → НВО итн.
  • Како? Со која метода се собираат податоците?
    → прашалници
    → фокусни групи
    → разговор
    → поединечно интервју
    → набљудувања итн.