2 – Работно досие 7: Самооценување на наставниците: основа

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 7: Самооценување на наставниците: основа

Формулирањето и посредувањето на повратни информации за постигнувањата на учениците спаѓа во основните принципи на секое училиште.34 Рефлексијата и евалвацијата на сопствениот квалитет на настава повторно се неизбежен дел од наставната професија. Исто толку важни како евалвацијата на процесот на учење и стекнувањето на компетенции, вештини и знаење од страна на учениците, се и саморефлексијата на наставникот и евалвацијата на сопствената настава.

Без солидно основно разбирање на актуелната наставна ситуација не можат да се направат предлози за подобрување или да се воведат чекори за доусовршување на сопствените наставни методи и пракса. Сепак колку се добри наставниците во евалвацијата на сопствената настава? Факт е дека повеќето од нив имаат тенденција да го потценат потенцијалот на постигнувањата на нивните ученици. Освен тоа некои не се во состојба по потреба да ги прилагодат нивните наставни методи и нивниот стил на предавање.

Интересен и поучен е и погледот кон различните перспективи на оценување: ако се споредува самопроценувањето кое го имаат наставниците од гледна точка на сопственото оценување во врска со туѓото проценување од страна на учениците, родителите и службите, се појавуваат концизни разлики (- разлики кои се значително поголеми од оние на другите групи меѓусебно)35. Мора да ги зајакнуваме наставниците во нивните сопствени убедувања? Или тие мора да стекнуваат нови компетенции кои им дозволуваат да се повлечат еден чекор и да го оценат квалитетот на наставата критично, но реалистично?

Импулси и прашања за самопроценувањето и евалвацијата на сопствената настава од страна на наставникот ќе најдете во работните досиеја 8 и 6.

34. Helmke, A.(2003):Евалвација на наставата: Постапки и инструменти. Во: Училиштен менаџмент, 1, стр. 8-11.
35. Clausen, M. and Schnabel, K. U. (2002): Конструкти на квалитетот на наставата во експертната оценка. Во: Наставна наука, 30 (3), стр. 246-60.