11. Драматизација

Living Democracy » Textbooks » 11. Драматизација

Изведувањето на приказни е добар начин за прикажување и за размислување за животот. Можете и да креирате сцени со помош на слики, музика или некој друг предмет. Кога глумите, преземате некоја улога. Тоа значи дека се обидувате да ги изглумите чувствата на одреден лик. После изведбата, секој ќе размислува за тоа кои делови од изведбата беа “реалистично” изведени, а кои делови беа измислени.

“Слободно” изведување

  • Напишете неколку клучни зборови кои ја претставуваат изведбата.
  • Одредете кој ќе ја игра која улога и што е важно за секоја улога.
  • Соберете ги сите неопходни материјали.
  • Извежбајте ја изведбата.
  • Припремете ја сцената.
  • Уживајте во изведбата/шоуто.

После изведбата, разговарајте на следните прашања:

  • Што можевте да видите?
  • Дали сите разбраа сè?
  • Што беше особено добро?
  • Дали според тебе, нешто недостасуваше?
  • Што беше претерано?
  • Дали имаме прашања за контекстот и кои се тие?

Правење изведба според текст

Прочитајте ја приказната заедно и направете ги сцените:

  • Кој беше вклучен? Каде се случуваше?
  • Како се справија луѓето со ситуацијата? Што рекоа?
  • Како реагираа другите?
  • Како заврши приказната?
  • Одлучете колку сцени ќе имате во изведбата.
  • Кој ќе ја игра која улога? Какви костуми ќе бидат потребни?
  • Повторно извежбајте ја изведбата.
  • Оценете ја вашата изведба заедно со соучениците.

Правење изведба според слика

  • Побарајте слика која може да се користи како основа за изведба.
  • Замислете се вие самите во таа слика.
  • Соберете идеи: како живеат луѓето кои ги гледате на сликата? За што се среќни тие? За што се несреќни?
  • Направете изведба користејќи ја сликата и запишете клучни зборови за секоја сцена.
  • Одлучете колку сцени ќе имате во изведбата.
  • Одредете кој ќе ја игра која улога и што е важно за секоја улога.
  • Извежбајте ја изведбата и најдете сценографија.
  • Спремете ја сцената и поканете гости.
  • Оценете ја вашата изведба заедно со соучениците.