Вежба 8.5. – Статуи

Living Democracy » Textbooks » Вежба 8.5. – Статуи
Образовни цели Учениците можат да идентификуваат ситуации на угнетување, да развијат креативност во ненасилното решавање на конфликти и да го користат говорот на телото како начин на изразување.
Ресурси Не се потребни.

Процедура

  1. Учениците ги прават следните прелиминарни вежби во парови:
    • Еден ученик прави поза, другиот треба да ја имитира. Се менуваат со улогите.
    • Еден ученик ја става раката на неколку сантиметри од неговиот партнер. Кога тој/таа ќе ја помрдне раката, другиот треба да се извитопери во која било (неудобна) позиција за растојанието да е исто.
      Овие вежби ги обучуваат учениците да се забележуваат едни со други.
  2. Во пленарната сесија, учениците претставуваат и дискутираат за ситуации на угнетување:
    • Двајца или повеќе ученици се договараат за идеја и потоа формираат група на статуи кои претставуваат ситуација на угнетување (пример: дете кое клечи му ги чисти чевлите на богат човек).
    • Ако некој член од публиката смисли начин на решавање на ситуацијата за да има еднаквост, тој/таа ги мести актерите според неговиот/нејзиниот нов модел.
      Идеално е вежбата да се прави во тишина, за учениците да прават мимики и да го развиваат телесниот говор.
  3. Понатаму може да учествуваат повеќе актери во сцената.
  4. Наставникот ги резервира последните 10-15 минути од часот за пленарна дискусија. Учениците даваат повратна информација, а можат да постават прашања кои ќе создадат понатамошни истражувања.

Варијација

  1. Истата процедура се користи да се прикажат човековите и детските права и примери за тоа како се прекршуваат.
  2. Вежбата може да се продолжи во ситуации на конфликт и вистински ситуации кои будат силни чувства.