Материјали за наставници 3А: Четири основни политички погледи

Living Democracy » Textbooks » Материјали за наставници 3А: Четири основни политички погледи

Либералниот поглед: индивидуална слобода на прво место

  • Клучни принципи: лична слобода и одговорност.
  • Заштита на човековите и граѓански права.
  • Слободна трговија и конкурентност како движечка сила за напредокот, модернизацијата и зголемена благосостојба.
  • Капитализмот најдобро функционира ако се остави сам на себе.
  • Силна држава – но држава која се ограничува со владеење на правото.
  • Големата социјална помош ги прави луѓето мрзливи.
  • Личниот труд и успех мораат да се исплатат – да нема преголем данок на приходите.
Слоган: „Без ризик, нема слобода“.

Социјал-демократскиот поглед: еднаквоста на прво место

  • Клучни принципи: еднаквост, солидарност, социјална сигурност.
  • Заштита на послабите, сиромашните, непривилегираните.
  • Ако не се контролира, капитализмот ќе ја зголеми социјалната поделба. Нема алтернатива на капитализам, но неговите ефекти треба да се контролираат и исправат по политички пат.
  • Ни треба систем на социјална сигурност за грижа на семејствата, инвалидите, болните, старите, невработените и сиромашните.
  • Солидарноста значи дека силните ги поддржуваат оние на кои им треба поддршка.
Слоган: „ Обединети стоиме – разединети паѓаме“ (анг. -“United we stand – divided we fall”).

Конзервативниот поглед: сигурноста на прво место

  • Клучни принципи: Сигурност и стабилност.
  • Силната држава е битна за да се заштити земјата од опасност и закани.
  • Силната држава се потпира на модерна и ефикасна економија.
  • Треба да се избегнува зголемување на социјалната поделба.
  • На семејството му е потребна посебна заштита.
  • Граѓаните треба да бараат помош само ако самите не можат да се справат со нивните проблеми.
Слоган: „Силна држава во  стабилна економија“

Зелениот поглед: природната средина на прво место

  • Клучни принципи: заштита на природната средина, одговорност за идните генерации.
  • Нашиот сегашен начин на живот, воден од економскиот раст и искористување на фосилните горива е сериозна закана за нашата иднина.
  • Интернационалните договори се потребни за заштита на природната средина на глобално ниво.
  • Ние ја носиме одговорноста за идните генерации и целата планета.
  • Малите промени во нашиот секојдневен живот можат да направат разлика.
Слоган: „Парите не можеш да ги јадеш“.