Лекција 3: Примена на моделот на политички циклус

Living Democracy » Textbooks » Лекција 3: Примена на моделот на политички циклус

Истражувачка задача

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Методи: работа на проект.
Политичка анализа иа расудување: опишување и оценување процес на политичко одлучување.
Крајна цел на учењето Учениците го разбираат моделот на политички циклус и можат да го применат на секоја информација за политичкото одлучување.
Задачи на учениците The students apply the policy cyle model to a concrete issue.
Materials and Resources Весници.
Материјал за ученици 6.1 и 6.2.
Метод Работа на проект.
Временски буџет 1. Работа во групи – 35 мин.
2. Испитување – 5 мин.

Овој час е посветен на работа во групи. Учениците работат независно и тие се одговорни за својата работа. Затоа се очекува од нив да ја најдат сета информација која им треба.

Наставникот може да одбере да ги поддржи групите со давање на некои извори на информации, т.е. статистика, учебници, копии на уставот, или интернет пристап.

Наставникот ги следи учениците додека работат; нивните јаки и слаби страни во работењето без водство на наставникот (како што ќе биде по завршувањето на училиштето) ја покажуваат потребата за усовршување на вештините.

Наставникот ги повикува учениците да имаат кратка испитувака рунда во пленарната сесија. Наставникот и учениците ги планираат презентациите на следниот час; ако групата не завршила, учениците имаат одговорност да најдат решение на проблемот.

Прво, учениците од групата треба да објаснат зошто мислат дека не се „готови“. Дали имаат додатна информација која не ја прочитале досега? Или се незадоволни со сиромашните информации кои биле достапни?

Најпригодната опција е да се остави проблемот на одговорност на групата. Ова звучи сурово, но ја отсликува реалноста во возрасниот живот. Можноста за учење на учениците е поважна од мааните во нивната презентација. Мора да има доволно време по четирите часови за повратна информација, бидејќи е вистинска потреба. Алтернативно решение би било да се даде додатен час на учениците. Оваа опција одговара повеќе ако мнозинството од учениците не ја завршиле нивната работа.