6. Правење на постери

Living Democracy » Textbooks » 6. Правење на постери

Постерот ви дозволува да ја забележите својата работа и да ја презентирате пред своите соученици. Многу е важно постерот да е организиран на начин на кој ќе го привлече вниманието на луѓето. Целта е да се заинтересираат сите кои ќе го гледаат постерот.

Во мали групи, разгледајте кои се важните карактеристики на еден постер и размислете кои елементи може да ги интегрирате на вашиот постер.

Ако веќе имате припремено постер, може да ги користите овие карактеристики како листа за проверка на друг постер.

Листа на проверка

Наслов: треба да е краток и интересен, да се гледа од подалеку.

Пишан текст: треба да е доволно голем и читлив. Ако користите компјутер, не користете премногу различни стилови. Пишувајте кратки реченици кои ќе бидат читливи оддалеку.

Слики, фотографии, графики: тие треба да го поддржат она што е напишано и да го направат постерот интересен. Употребете само неколку интересни и највпечатливи.

Презентација: каде треба да бидат насловот, поднасловите, симболите, фотографиите, сликите или каде треба текстот да стои? Направете скица на постерот пред да почнете да го изработувате.

Внимателно направете го постерот: постерот треба да го следи форматот кој е одбран, но не смее да биде пренатрупан.