Глава 7 – Учество во политиката

Living Democracy » Textbooks » Глава 7 – Учество во политиката

V6_P61&98

Вовед

Сликата покажува маж и жена со поддршка од девојче и момче, како ги промовираат нивните ставови во јавност. Постерот на мажот го покажува глобусот како симбол за светот, а жената го насочува вниманието на ѕвездата на нејзиниот постер, кој го држи момчето. Можеби овој симбол одговара со површината на која стојат. Нивните изрази на лицето се пријателски, нема трага од непријателство. Возрасните и децата учествуваат во политиката. Тие го практикуваат нивното право на мирно протестирање во јавност. И двете страни се од двата пола, затоа ова не е проблем за половоста. Двете групи се натпреваруваат – за внимание и поддршка од мнозинството. Тие се во директна конфронтација, така што не се вмешани ниедни медиуми, политички партии или групи од интерес.

Четворицата стојат на површина која наликува на неправилна ѕвезда. Симболот може да се протолкува на различни начини. Можеби ја претставува заедницата која на граѓаните им дава чувство на припадност и создава рамка на права, одговорности и должности. Ѕвездата исто така може да го претставува „подиумот“ на кој граѓанинот стои кога говори во јавност. Ако некој не се качува на подиумот тогаш нема да биде слушнат и ќе мора да ги прифати одлуките кои ќе се направат. Граѓаните можат да учествуваат во политиката на различни начини. ОДГ/ОЧП се концентрира на активно, директно учество. Учеството во политиката е право на и децата, не само на возрасните. За да се направи ова потребно е разбирање на проблемите и внимателно расудување. Политичкото учество во демократијата треба да се учи во училиштата, што значи дека училиштата треба да функционираат како микро-општества за учениците да можат да учествуваат во раководењето со училишните работи.

Во демократските училишта како и во демократското општество, не треба да се плашиме од расправата и контроверзијата, дури и караницата и конфликтот, туку тие треба да се гледаат како нешто нормално, дури и корисно во демократското одлучување. Решавањето на судирите на идеи и интереси е основниот метод на решавање проблеми и правење одлуки. Ако интересите и приговорите не се артикулираат, тие нема да бидат земени  предвид. Во отворено општество, хармонијата – „општото добро“ – не може да се наметне, туку за него треба да се преговара. Контроверзијата и конфликтот не се штетни ако се поддржани со култура на расправа, решавање конфликти и компромис.

Вежбите се концентрираат на норми и начини на политичко учество. Ова им помага на учениците да ги ценат нивните можности за учество во нивната заедница.