2 – Работно досие 6: Листа за проверка („Чек-листа“)„Како ги оценувам моите ученици“?

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 6: Листа за проверка („Чек-листа“)„Како ги оценувам моите ученици“?

При оценувањето на учениците треба да се земат во предвид следните основни принципи:

  • Оценувањето треба да биде ориентирано кон поттикнување. Вие треба да ги поддржувате учениците, со што им овозможувате индивидуално гледиште, им давате упатства  за возможни празнини и го зајакнувате нивното саморазбирање и самоперцепција.
  • Оценувањето  треба да ја зајакне способноста на учениците самите да се проценуваат.
  • Оценувањето мора да биде транспарентно: учениците мора да ги познаваат основите на оценувањето, критериумите на оценување и евентуално останатите нормативи или референтни норми.
  • Оценувањето мора да биде адекватно на содржините и целите. Стручното знаење се проверува поинаку од компетенциите и вештините.
  • Наставниците мора да бидат свесни за селективната функција и за психолошките импликации на оценувањето. Наместо да се ограничуваат на сумативно оценување (само соопштување на оценки), би требало да се вметнат и разговори и извештаи како делови  од постапката ориентирана на поддржување.
  • Контролата на учење т.е испитувањето треба да биде така структурирана  што ќе го мери – степенот на постигнување на целта – евентуално на различни нивоа. (Испитувањата кажуваат нешто и за квалитетот на наставата т.е. за тоа како овие цели треба да се посредуваат. Според тоа резултатите од испитувањето не даваат само заклучок за постигнувањата на учениците, туку и за оние на наставниците!).

Прашања за самооценување (спореди исто и работни досиеја 7 – 9)

За процесот на учење на учениците:

  • Како да бидам сигурен дека учениците ја постигнале целта?
  • Како да се погрижам за тоа учениците редовно да имаат доживувања на успех во учењето?
  • Дали тие се свесни за новниот сопствен напредок?
  • Дали мојата настава и на момчињата, и на девојчињата им ги нуди истите шанси за успех?
  • Дали учениците свесно го набљудуваат, контролираат и подобруваат нивниот однос кон учењето и начинот на работа? Како да ги мотивирам во тоа?
  • Дали на учениците им посредувам стратегии и техники на учење кои ги поддржуваат во учењето?
  • Можат ли учениците сами да го контролираат и оценуваат нивниот однос кон учењето и нивните постигнувања?
  • Се повикуваат ли учениците при самооценувањето и на нивните сопствени цели, норми, критериуми или потреби?
  • Го приметувам ли индивидуалниот напредок кај поединечните ученици; како?
  • Како ги откривам проблемите во учењето кај поединечните ученици?
  • Како ја набљудувам социјалната интеракција во одделението и нејзиното влијание на постигнувањата (социјална клима, конкурентно мислење итн.)?
  • Како ги задржувам моите набљудувања и оценувања на поединечните ученици и одделението како целина?

За процесот на учење на наставникот:

  • Како, кога и со кого ја рефлектирам мојата настава?
  • Како дозволувам моите ученици да учествуваат во оваа рефлексија / евалвација?
  • Како го поврзувам успехот или неуспехот на моите ученици со мојата настава?
  • Како го препознавам мојот сопствен напредок во наставата; како јас како наставник учам?