Материјал за ученици 5.5: Резиме: што можеме да научиме преку овие игри?

Living Democracy » Textbooks » Материјал за ученици 5.5: Резиме: што можеме да научиме преку овие игри?

1. Развитокот на една заедница: серија на проблеми и решенија

Проблем Решение
Како да преживееме? Мораме да се потпреме на природните ресурси кои ги имаме – рибите.
Како да го решиме нашиот конфликт од прекумерниот риболов? 1. Ни треба концепт на одржливост.
2. Ни треба рамка на правила за организација за нашите процеси на комуникација и одлучување.
1. Како да ја одредиме одржливоста? Ни треба рамнотежа меѓу неколку цели. Всушност, ние мораме да произведеме толку риби колку што рибниот фонд може да создаде без да се намали, за да се осигура стабилност за иднината. Мораме да го делиме уловот праведно.
2. Какви правила ни требаат? Во создавањето на рамката, ние мораме да направиме избор меѓу различни принципи – да се воведе државна власт или да се развие мрежа на еднакви.
Како да ја спречиме злоупотребата на моќ? Не треба да се дава преголема моќ на една личност. Уставите ги применуваат средните средства: проверки и рамнотежи, владеење на правото, давање статус на граѓански права на човековите права, ограничено време на власт, референдуми, кантонална и федерална автономија, слободен печат и медиуми.
Кој одлучува каква рамка на правила ќе добиеме? Сите ние заедно. Ние ги предложуваме рамките, а потоа избираме и ги гласаме.
Како да го организираме овој процес праведно и ефикасно? Правиме агенда. Ни треба специјална рамка на процедурални правила за кои треба однапред да се согласиме.

2. Заклучоци

  1. Политиката е труд за да се совладаат проблемите кои влијаат на благосостојбата и опстанокот на заедницата. Институциите, како што се рамките на правила, се алатки за решавање на проблеми. Ако тие не ја исполнуваат нивната цел добро, тие можат и треба да се променат.
  2. Конфликтите секогаш се дел од социјалниот и политичкиот живот. Иако конфликтите не можат да се отстранат, нивниот нарушувачки потенцијал може да се контролира.
  3. Плановите на риболовната игра и играта на одлучување функционираат како модели. Тие се приближуваат доста блиску до историската реалност во нивното опишување на развојот на една заедница како серија на проблеми и решенија.
  4. Реалноста се разликува од игрите во два важни аспекта. Прво, ние немаме толку точни податоци за нашите природни ресурси како што се дадени во играта. Второ, демократиите немаат демократски корени. Демократијата и човековите права не се воспоставени преку конференции, туку преку конфликти.