ТЕМА 8: Правила и закон

Living Democracy » Textbooks » ТЕМА 8: Правила и закон

Каков вид на правила се потребни на општеството?

ID_5599

Некои видови на закони се значајни за праведно и ефикасно раководење на секое општество. Законите се применуваат во сите ситуации, кон секој во заедницата на државата – иако постојат некои групи, како деца, кои не се под влијание на некои закони додека не достигнат одредена возраст.

Еден од начините на кој законот може да биде поделен, како што е познато, е на граѓански или кривичен закон. Цивилниот закон обезбедува начин на решавање на споровите помеѓу индивидуалци и групи на луѓе. Кривичниот закон покрива однесување кое државата одлучила дека мора да биде обесхрабрено или спречено.

Како и да е, законите никогаш не можат да бидат совршени. Тие се човечки креации и понекогаш се потребни промени. Тие можат да станат застарени, неефективни или едноставно да бидат неправедни кон одредени групи во општеството. Законот никогаш не може да биде одделен од политиката. Тоа е така бидејќи законите се прават и променуваат во политичкиот систем. Во еден демократски, политички систем важно е сите граѓани да бидат способни да имаат еднаков глас во врска со ова. Исто така, важно е законот да се применува подеднакво кон сите граѓани, и дека никој не е над законот. Овој концепт понекогаш е познат како владеење на правото.

Конечно, законот треба да се придржува кон човековите права. Ова е важно со цел да бидеме сигурни дека законите се праведни и дека тие не се злоупотребени како средство за угнетување или диктаторство. Повеќето демократски системи, според тоа, се потпираат на пишувани устави, кои обезбедуваат рамка за човековите права, која стои над законите во земјата. Некои земји, исто така, имаат воспоставено уставни судови за одлучување дали законите се во согласност со уставот или не.

Учење за образование за демократско граѓанство и човекови права

Преку овие серии на лекции учениците ќе:

  • Развијат поголемо разбирање за концептот на закон и неговата важност во демократско општество;
  • Препознаат дека главната цел на законот е да им помогне на луѓето и да го заштити општеството;
  • Развијат поголема почит кон идејата за владеење на правото;
  • Дознаат повеќе за правниот систем во својата земја.

 

Тема 8: Правила и закон

Каков вид правила му требаат на општеството?

Lesson title Learning objectives Student tasks Resources Method

Час 1:

Добар закон – лош закон

 

Да се биде свесен и да се разберат факторите што одредуваат што е она што го прави законот добар.

Да се дискутираат училишните правила и да се идентификува што е она што го прави училишното правило добро.
Да се дискутираат законите и да се идентификува што е она што го прави законот добар.
Критички да испитаат
област    од законот во нивната земја, пр. закони
за алкохолот. Да се предложи и оправда
нивното ново училишно
правило или закон.
Две картички за секој ученик – една означена со буква „A“ (во зелено), другата со буква „Б“ (во црвено). Прилог – Закони за алкохол во нашата земја.
Маркери и голем лист хартија за секоја група од 4-6 ученици.
Флип чарт или големо парче хартија за изложување во одделението.
Мала групна работа и одделенска дискусија.

Час 2:

На која возраст?

Да се испита како законите се применуваат кон младите луѓе.

Да се одреди законската возраст на која младите луѓе стануваат овластени да учествуваат во различните активности за возрасни.

Да се испита колку е соодветен моментниот закон за младите луѓе.

Три големи знаци означени со „A“, „Б“, „В“ се ставаат на три различни ѕидови во училницата.

Копии од материјалот за учениците 8.1 – еден за секои два ученика.

Маркери и голем лист хартија за секоја група од 4-6 ученици.

Работа во парови, мала групна работа и одделенска дискусија.

Час 3:

Вие го правите законот

Да се испита прашањето дали младите, кои го прекршиле законот, треба воопшто да бидат казнети, и ако треба, како? Да се размисли за различните фактори, кои идат предвид кога се одлучува што е праведна казна за едно злосторство. Копија од приказната и дополнителна информации за наставникот. Мала групна работа и одделенска дискусија.

Час 4:

Правила на доказ

Да се разберат правилата на доказ во законскиот суд. Да се размисли за видовите на доказ кои треба да се вреднуваат на суд и видовите на доказ кои би биле грешни да се користат. Картички за дискусија (материјал за учениците 8.2) за секоја група од 4-6 ученици. Мала групна работа и одделенска дискусија.