4. Детските права илустрирани (картички за детските права)

Living Democracy » Textbooks » 4. Детските права илустрирани (картички за детските права)

Детските права беа на почетокот во прва линија еден правен инструмент. Но за училиштето е јасно, дека е неопходно поединечни членови да се разбираат и интерпретираат од аспект на целната група. Илустрираните карти за детските права помагаат притоа сѐ повеќе и повеќе да се приближат до оваа цел на разбирање и употреба. Картичките можат различно да се користат. Еве неколку примери.

  • Сликата и текстот заедно да се исечат и на двострани картички да се залепат. Така настануваат картички за учење. Учениците можат самите да се тестираат и меѓусебно да се поддржуваат.
  • Сликата и текстот да се исечат и да се користат како мемори игра. Учениците така ги запомнуваат од една страна правата и можат да учествуваат во заеднича игра.
  • Сликите да се исечат и да се подредат по различни критериуми:
    • Според четирите критериуми на подредување (учество: нашето право на партиципација; исцрпување на нашиот потенцијал: правото да ја развиваме нашата личност; добро да се живее: нашето право на преживување; да бидеме заштитени од штети: нашето право на заштита).
    • Според лична проценка: Што е важно во мојот живот? На кои прашања треба посебно да обраќа внимание мојата земја, мојата општина, моето училиште?
    • Сечење на илустрации, пребарување на слики кои претставуваат слични теми во весници и списанија.
    • Преку поттикнување од илустрациите, обид да се нацрта сопствена илустрација.
  • Илустрациите да се зголемат, да се обојат од учениците (евентуално да се врамат) и да се обесат како украс во училниците и салите за пауза.
  • Илустрациите да се комбинираат со сопствени доживувања и да се изработи малечка брошура.

V5_P87ART1

Член 1

Дефиниција за дете

Дете е секој човек кој не навршил 18 години.

 

V5_P87ART2

Член 2

Забрана за дискриминација

Ниту едно дете не смее да биде дискриминарано поради бојата на кожата, полот, јазикот, религијата, мислењето, потеклото, богатството, инвалидноста или припадноста на етничка група.

V5_P87ART3

Член 3

Здравјето на детето е приоритетно

Во сите закони и судски одлуки важи дека здравјето на детето стои на највисоко место.

 

V5_P87ART4

Член 4

Спроведување на правата

Секоја држава мора колку што е можно повеќе да внимава на тоа да се запазат правата на децата.

 

V5_P88ART5

Член 5

Почитување на правата на родителите

Секоја држава мора да внимава на тоа да се запазат задачите, правата и должностите на родителите така што децата ќе можат да ги практикуваат нивните права. (Владите мора да ги почитуваат правата и должностите на родителите, на членовите на поширокото семејство и на старателот со тоа што ќе ги советуваат и упатуваат децата и младите како тие можат да ги практикуваат нивните права.)

V5_P88ART6

Член 6

Преживување и развој на детето

Секое дете има право на живот и преживување. Државата мора да внимава на тоа децата и младите да можат добро да се развијат.

V5_P88ART7

Член 7

Име и државјанство

Секое дете при неговото раѓање има право да добие име, да се стекне со државјанство и да биде згрижено од родителите.

V5_P88ART8

Член 8

Заштита на идентитетот

Секое дете го има правото да го задржи за себе или обнови неговото име, државјанство и неговите семејни врски.

V5_P89ART9

Член 9

Разделување од родителите

Секое дете има право да живее кај неговите родители, освен доколку мора да биде заштитено од неговите родители. Доколку едно дете мора да биде одделено од родителите, го има правото да биде послушано. Доколку детето се разделува од родителите, тоа има право да знае каде се неговите родители.

V5_P89ART10

Член 10

Спојување на семејството

Секое дете го има правото да ја напушти секоја држава и да може да патува во сопствената земја за да биде повторно заедно со неговото семејство.

V5_P89ART11

Член 11

Незаконска депортација и нерепатријација

Секоја држава мора да се бори против киднапирање на деца и млади од нивниот родител или некое друго лице во друга земја и против нерепатријација.

V5_P89ART12

Член 12

Изразување на мислењето

Секое дете има право да го изрази неговото мислење за сите прашања кои се во врска со неговиот живот. Ова важи пред сѐ за судските и административните постапки. Колку се постари децата и младите толку повеќе би требало да се земи во предвид нивното мислење.

V5_P90ART13

Член 13

Слободно изразување на мислењето

Секое дете има право на тоа да го изрази слободно неговото мислење и да добива и шири информации преку медиумите. Секое дете има исто така и должност да го изрази неговото мислење така што ќе ги почитува правата на другите луѓе.

V5_P90ART14

Член 14

Слобода на мислење, совест и вероисповед

Секое дете го има правото слободно да го манифестира неговото мислење, неговата совест и неговата вероисповед. Државата мора притоа да ги почитува правата и должностите на родителите, кога децата ги манифестираат нивните права.

V5_P90ART15

Член 15

Слобода на здружување

Секое дете го има правото да се здружува со други деца, да се зачлени во некој клуб или да оснива клуб, доклку со тоа не ги повредува правата на другите луѓе.

V5_P90ART16

Член 16

Заштита на приватниот живот

Секое дете има право на тоа, никој да не смее да се меша во неговиот приватен живот, во неговото семејство, неговиот стан или неговата писмена коресподенција. Секое дете освен тоа го има правото никој да не ја повредува неговата чест.

V5_P91ART17

Член 17

Пристап до адекватна информација

Секоја држава мора да се грижи за тоа децата да имаат пристап до информации преку разни медиуми и да можат да се стекнат со знаење кое е важно за нив и за нивното здравје. Државата исто така ја има задачата да ги заштити децата од штетни информации.

V5_P91ART18

Член 18

Одговорност на родителите

Родителите или старателот се заеднички одговорни за воспитувањето на детето. Државата ја има задачата да ги поддржува во оваа задача и на пр. да се погрижи за згрижување доколку родителите мора да работат.

V5_P91ART19

Член 19

Заштита од злоупотреба

Државата ја има задачата да го заштити детето од злоупотреба од неговите родители или други лица. Секое дете исто така има право да научи како секој вид на злоупотреба може да биде спречен и третиран.

V5_P91ART20

Член 20

Млади луѓе без семејство

Секое дете кое не живее во неговото семејство го има правото на посебна заштита и поддршка. Тоа тогаш има право на фамилија која ќе се грижи за него или на згрижување во адекватна установа која ќе ги земе во предвид неговото потекло, религија, култура или јазик.

V5_P92ART21

Член 21

Посвојување

Едно дете смее да биде посвоено тогаш кога посвојувањето е дозволено, признато и одобрено во земјата и тоа е во интерес на детето.

V5_P92ART22

Член 22

Деца бегалци

Секое дете кое е присилено да ја напушти неговата земја, кое е дете бегалец и бара азил има право на посебна заштита и поддршка од државата.

V5_P92ART23

Член 23

Деца инвалиди

Секое дете кое е инвалид има право на посебно згрижување и образование. Притоа треба да му се помогне да стани самостојно и да може да земе активно учество во една заедница.

V5_P92ART24

Член 24

Здравје и медицински служби

Секое дете има право на најдобра медицинска грижа. Државата има должност да се бори против смртноста кај децата, да обезбеди медицинска грижа за младите луѓе, да се бори против погрешна исхрана и болести, да гарантира медицинска грижа за младите мајки и оние ќе станат мајки, да биде достапно здравственото воспитување, да ја развие превенцијата во областа на здравството и да ги укине пренесените обичаи кои им штетат на децата.

V5_P93ART25

Член 25

Проверка на упатувањето

Секое дете кое е упатено од страна на некоја државна служба во некоја установа за негова заштита, згрижување или лекување има право на тоа упатот да се провери.

V5_P93ART26

Член 26

Социјално осигурување

Секое дете го има правото на социјални придонеси како на пр. социјално осигурување. Државата му ги гарантира на детето овие услуги со земање во предвид на економската ситуација на семејството или на лицата кои се грижат за него.

V5_P93ART27

Член 27

Животен стандард

Секое дете има право на адекватен животен стандард за неговиот телесен, ментален, духовен, морален и социјален развој. За тоа пред сѐ се одговорни родителите или старателот. Државата има задача да ги поддржи во тоа.

V5_P93ART28

Член 28

Образование

Секое дете има право на образование и училиште. Државата ја има задачата, посетувањето на основно училиште да го направи бесплатно и задолжително, а пристапот до повисоките школи да биде на ист начин отворен за сите деца и млади. Државата ја има должноста да внимава на тоа децата и младите да бидат адекватно третирани и нивното човечко достоинство да не биде повредено. Исто така должност на државата е меѓународно да се залага за тоа да има сѐ помалку деца и млади кои не знаат да читаат и пишуваат.

V5_P94ART29

Член 29

Образовни цели

Образованието преку училиштето мора да биде такво, што ќе се поттикуваат личноста и талентите на детето, детето ќе се подготви за живот како возрасен, ќе се почитуваат човековите права и културата и вредностите на сопствената земја и на другите земји.

V5_P94ART30

Член 30

Деца на малцинствата

Секое дете кое му припаѓа на малцинство, има право да ја негува неговата сопствена култура, да се признае неговата религија и да го употребува неговиот јазик.

V5_P94ART31

Член 31

Одмор, игра и слободно време

Секое дете има право на одмор и слободно време, во кое ќе може да игра и слободно да учествува во културниот и уметничкиот живот.

V5_P94ART32

Член 32

Детски труд

Секое дете има право да биде заштитено од секаков вид на експлоатација и економска работа која би можела да му наштети на неговото образование или на неговиот развој. Државата има задача да утврди минимална возраст, број на работни сати дневно и работни услови во кои ќе биде дозволено да работи.

V5_P95ART33

Член 33

Заштита од дроги

Секое дете има право да биде заштитено од производство и трговија на илегални дроги.

V5_P95ART34

Член 34

Заштита од сексуална експлоатација

Секое дете го има правото да биде заштитено од сексуална експлоатација и злоупотреба и од проституција и порнографија.

V5_P95ART35

Член 35

Заштита од продавање и трговија

Државата мора да преземе сѐ за децата и младите да не бидат продавани или киднапирани и со нив да не се врши трговија.

V5_P95ART36

Член 36

Заштита од други форми на експлоатација

Секое дете има право да биде заштитено од останати форми на експлоатација (на пр. питање).

V5_P96ART37

Член 37

Мачење и лишување од слобода

Секое дете има право на заштита од мачење, свирепо третирање или казнување и незаконско апсење или други видови на загрозување на личната слобода. Државата има задача да ја забрани смртната казна и доживотниот затвор за малолетни лица. Кога едно дете ќе биде лишено од слобода, тоа има право да биде третирано човечки и со почит. Доколку едно дете или малолетник е уапсен, тој мора да биде притворен посебно од возрасните, да може да остане во врска со семејството и има право на правна помош.

V5_P96ART38

Член 38

Војни и вооружени конфликти

Децата и младите под 15 години имаат право да не учествуваат во војни и вооружени конфликти. Доколку децата и младите под 15 години се погодени од војна, државата има должност посебно да ги заштити.

V5_P96ART39

Член 39

Реинтеграција и ресоцијализација

Секое дете, кое станало жртва на вооружени конфликти, мачење, занемарување или експлоатација има право на адекватно згрижување, за да може повторно психички и физички да оздрави и да биде интегрирано во една заедница.

V5_P96ART40

Член 40

Малолетничка правда

Секое дете кое е обвинето дека извршило криминално дело има право на тоа, пред судот да биде третирано со достоинство. Тоа не е виновно сѐ додека не се докаже неговата вина. Секое дете има право на фер судски процес, на преведувач доколку е потребно и на заштита на неговата приватност и на тоа да се провери одлуката на судот. Државата има задача да утврди минимална возраст од која еден млад човек мора да отслужи казна. Државата освен тоа има задача да овозможи други можности за отслужување на казната на обвинетиот наместо затвор.