Вежба 7.7. – Како власта влијае на вашиот живот?

Living Democracy » Textbooks » Вежба 7.7. – Како власта влијае на вашиот живот?
Образовни цели Учениците разбираат дека владата влијае на нашите животи во скоро секој возможен аспект (tua res agitur). Светот во кој живееме е направен од човекот и од нас зависи што ќе правиме со него.
Намерното политичко одлучување е потребно поради нашата зголемена зависност едни од други, од локално на глобално ниво.
Демократијата најдобро може да ги земе во предвид конкурентните интереси и да ги интегрира во задоволителен компромис – под услов сите групи да бидат слушнати.
Ресурси Не треба.

Процедура

  1. Учениците треба да сфатат до кој степен нивните животи зависат од владата. Следните прашања би можеле да им помогнат; тие може да се одговорат на часот или во мали групи кои би ги презентирале резултатите во пленарна сесија.
    • Раскажете некој ваш скорашен ден – каде бевте, што носевте, видовте, јадевте, рековте, научивте и направивте. Наброете дали владата влијаела на некоја од работите кои ги споменавте, влучувајќи ја националната, регионалната и/или локалната власт.
    • Земете во предвид дека вашата влада е демократија во која сите граѓани имаат еднакви можности да учестуваат без да се прекршат нивните човекови права. Кои работи од тие што ги наброивте, а врз нив влијаела владата, мислите дека треба да се променат? Објаснете зошто мислите така.
  2. Учениците веројатно ќе го постават прашањето – како луѓето можат да учествуваат во демократска власт. Наставникот треба да даде некои информации, дали преку предавање или со прирачници и работни листови.
    Резултатот би бил следниот: многу луѓе веруваат дека најголемата можност да се учествува во власта се нуди во слободна и отворена демократија. Овој тип на владеење значи дека самите луѓе имаат моќ и владеат, обично преку владеење на мнозинството. Некои земји се демократии само во форма, а луѓето не можат навистина да учествуваат. Во еден демократски систем, граѓаните можат да бираат различни начини на учество, а некои можеби ќе изберат воопшто да не учествуваат.
    Демократијата најдобро може да ги земе различните и конкурентни интереси во предвид и да бара решенија – под услов сите страни да ги искажале своите гледишта. Мора да се обрне посебно внимание на послабите групи, кои не се во позиција да прават притисок и чии интереси обично се занемаруваат (проблемот со ексклузија).