Материјал за учениците 5.5: Квиз за човекови права (картички за обука)

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 5.5: Квиз за човекови права (картички за обука)

Детскиот труд до 17 години:

A. Секогаш е прекршување на правата на децата.
Б. Е прекршување на правата на децата, ако задачата ги повредува.
В. Може да биде прифатливо ако владата има утврдено дека минималната  возраст за работа може да биде под 17 години.

Детскиот труд до 17 години:

В. е точно. Конвенцијата за детски права го забранува детскиот труд, ако е опасно, или ако е форма на експлоатирање, но им дозволува на владите да ја утврдат возраста за која забраната е валидна. Постои многу притисок да се постигнат построги рестрикции за детскиот труд.

Согласно со меѓународните спогодби во врска со правото на вода:

A. Владите се обврзани да им обезбедат на граѓаните чиста и здрава вода.
Б. На владите не им е дозволено да дискриминираат некои граѓани при снабдувањето со вода.
В. На владите не им е дозволено да им го забрануваат пристапот до снабдувањето со вода на нивните граѓани.

Согласно со меѓународните спогодби кои имаат врска со правото на вода:

Согласно со толкувањето, од страна на Комитетот за економски и социјални права при ОН, Б и В се точни, а А не е. Исполнувањето на правото на вода е нешто кон кое владите се стремат, но ова право не може да биде барано од страна на граѓаните.

Смртната казна:

A. Главно е забранета во целиот свет.
Б. Укината е во законот или во практиката од повеќе од 50% од сите земји.
В. Не е дозволена во случајот на млади луѓе под 18 години.

Смртната казна:

Б и В се точни, А не е. Смртната казна не е целосно забранета во договорите на ОН, ниту пак од ЕКЧП, туку и во двата случаја е забранета со еден необврзен протокол. Протокол 6 (забрана на смртната казна во услови на мир) и Протокол 13 (забрана на смртната казна во сите околности) во ЕКЧП, и двата потпишани и/или ратификувани од многу земји.

Економски и социјални права:

A. Не се вистински човекови права.
Б. Не се очекува целосно исполнување на овие права за сите поединци од страна на државите.
В. Можат да бидат побарани од сите Европјани.

Економски и социјални права:

Б е точно. Официјално, економските и социјалните права се вистински човекови права, иако е вистина дека обврската да се признаат е многу послаба од онаа за многу граѓански и политички права. Меѓународната конвенција за економски, социјални и и културолошки права очекува државите да се стремат за нивно исполнување, но не постои европски механизам кој ќе им  дозволи на поединците да поднесат жалба (иако под одредени ограничувања, на некои организации им е дозволено да го сторат тоа).

Согласно со клаузулите од правото на образование:

A. На поединците и групите им е дозволено да отворат училиште, сé додека тие исполнуваат минимум законски услови.
Б. Не постојат обврски кои се однесуваат на содржините на образовните програми.
В. Владите се обврзани да обезбедат задолжително образование за сите млади луѓе под 18 години.

Согласно со клаузулите од правото на образование:

А е точно, Б и В не се. Меѓународните конвенции, како што е Конвенцијата за детски права, пропишува дека образованието мора да ги информира децата за човековите права.

Правото да се биде признат како бегалец:

A. Е дефинирано за луѓе кои имаат разбирлив страв од тоа да се биде прогонуван врз основа на нивната раса, религија или политичко мислење и да се напушти земјата како резултат на тоа.
Б. Исто така, постои за луѓето кои ја напуштиле нивната земја како резултат на граѓанска војна или глад.
В. Може автоматски да бидат одбиени, од страна на владата, сите подносители на молби кои доаѓаат од земја која се смета за безбедна.

Правото да се биде признат како бегалец:

A е точно, Б не е (иако во некои земји, на луѓето кои ја напуштаат нивната земја, како резултат на граѓанска војна или глад,им е загарантирана заштита, без да се сметаат за бегалци, според меѓународните конвенции). В не ги признава бегалците според Конвенцијата од Женева, но широко се применува во ЕУ во справувањето со барателите на азил.

Слободата за религија:

A. Не може да им биде забранета на луѓето врз основа на тоа дека тие припаѓаат на една малцинска религија.
Б. Ги обврзува народите да ги признаат и да ги субвенционираат религиите.
В. Не може да биде ограничувана на никаков начин од страна на државата.

Слободата за религија:

A е точно. Народите се обврзани да ја почитуваат слободата за религија, но немаат законска обврска за некаков систем на признавање или субвенционирање. Државите можат да ја ограничат слободата за религија, на пример, каде религијата е во спротивност на основните човекови права.

Право на сопственост:

A. Не значи дека владите не можат да ја одземат сопственоста на некого, ако тоа е од јавен интерес.
Б. Е прекршено ако целото село е евакуирано без прикладен надомест поради изградба на хидроелектрична централа.
В. Му дозволува на поединецот да ги смета за свои украдените стоки.

Право на сопственост:

А и Б се точни. В е очигледно грешно.

Избори:

A. На сите граѓани им е дозволено да гласаат, дури и кога тие ги имаат изгубено нивните граѓански права поради криминални дејствија.
Б. Два гласа за секоја личност се дозволени, ако гласачот е работодавач.
В. Гласањето мора тајно да се изведе.

Избори:

Само В е точно. Државата може да ги спречи лицата, кои ги загубиле нивните граѓански права, да не гласаат. Еднакви права за сите, кои имаат право на глас, е едно меѓународно правило.

Слобода на изразување:

A. Може да биде ограничена со цел заштита од клевета.
Б. Не може да биде ограничена поради причини од јавен морал.
В. Може да биде ограничена со цел да се спречи религиозна нетолеранција.

Слобода на изразување:

А и В се точни. Слободата на изразување може, под одредени околности, да биде ограничена поради причини од јавен морал, за спречување на криминал, здравствена заштита или заштита од клевета, ако ова е предвидено со закон.

Правото на работа:

A. Ги обврзува државите да обезбдат работа за сите нивни граѓани.
Б. Значи дека никој не може произволно да биде отпуштен од работа.
В. Не значи дека владата мора да прави напори за да оствари целосно вработување.

Правото на работа:

Само Б е точно. Во Европа, државите се обврзани да прават напори за да остварат целосно вработување, но ова не е вклучено во договорите на ОН.

Правото на здрава животна средина:

A. Им забранува на државите да фрлаат отровен отпад кој неповратно ќе ја уништи почвата.
Б. Има за цел заштита на човечките суштества, животни и растенија.
В. Сеуште не е потврдено како универзално право.

Правото на здрава животна средина:

В е точно, иако правото на здравје ги заштитува човечките суштества од штетите, кои директно произлегуваат од загадувањето. Во овие случаи, само човечките суштества се универзално заштитени, но не и животните и растенијата. Африканската повелба и Повелбата од Европската унија, кои не се универзално валидни,  постигнуваат едно сигурно проширување до правото на здрава животна средина.

Согласно со правото на образование:

A. За децата од основно образование не треба да се наплаќа школарина, само трошоците за училишните патувања и училишните учебници кои можат да бидат побарани.
Б. Обврска на државата е да се стреми да им помогне на колку што е можно повеќе ученици за да успеат во нивното учење.
В. Државите мора да им дадат еднакви можности во образованието на сите ученици.

Согласно со правото на образование:

Б и В се точни (овие обврски се вклучени во Конвенцијата за детски права). Во принцип, основното образование мора да биде бесплатно и ова не ја вклучува само школарината, туку и останатите индиректни трошоци поврзани со елементарните училишни активности.

Казнување на децата во училиштата:

A. Не е дозволено во форма на телесно казнување.
Б. Не е забрането ако казната е ментално сурова.
В. Може да се користи само ако родителите се согласат.

Казнување на децата во училиштата:

A се смета за точно, бидејќи Европскиот суд за човекови права повеќе пати ја смета телесната казна на прекршување на ЕКЧП (и ова го почитува толкувањето кое е дадено од Комитетот за детски права во Конвенцијата за детски права. Б е неточно, како забрана која е поврзана со сите сурови казни. За В, не постои клаузула која ја прави казната директно зависна од согласноста на родителите.

На училиште:

A. Не би требало да се посвети внимание на прашањата за животната средина.
Б. Малите деца би требало да се учат да ги почитуваат нивните родители.
В. Малите деца би требало да учат за човековите права и да ги искусуваат човековите права.

На училиште:

Б и В се точни. Конвенцијата за детски права содржи вакви клаузули. Конвенцијата, исто така, определува дека образованието би требало да има цел при почитувањето на животната средина.

На суд:

A. Секој криминалец има право на адвокат.
Б. Луѓето единствено можат да бидат обвинети ако признаат.
В. Осомничениот/та има право на бесплатен преведувач ако судењето се случува на непознат јазик за него/неа.

На суд:

А и В се точни.

Измачување:

A. Дозволено е ако се користи за спречување на терористички напади.
Б. Дозволено е само по судско решение.
В. Никогаш не е дозволено.

Измачување:

В е точно (измачувањето не е дозволено дури ни во случаи на национална вонредна состојба).

Правото на живот е прекршено ако:

A. Некој умре во несреќа предизвикана од полицијата при спречување напад врз животот на некој друг.
Б. Некој умре при воен чин, дури и ако ова беше легално.
В. Некој умре од примена на непотребна сила од страна на полицијата.

Правото на живот е прекршено ако:

В е точно. Во случајот под А, правото на живот би можело да биде прекршено ако силата употребена од полицијата била повеќе од апсолутно потребна.

Согласно со правото на дом:

A. Сите држави се обврзани да осигураат дека никој нема да биде бездомник.
Б. На странците би требало да им се понуди истиот пристап до социјалните станови, како и на домашните граѓани.
В. Државата би требало да направи напори за да го намали бројот на бездомните луѓе.

Согласно со правото на дом:

Б и В се точни.

Согласно со правото на здравствена заштита:

A. Владите не се обврзани да ги спречат несреќите на работно место.
Б. Секој би требало да има пристап до здравствената заштита.
В. Лековите би требало да бидат бесплатни.

Согласно со правото на здравствена заштита:

Б е точно. Спречувањето на несреќи се смета како обврска. Лековите можат да бидат продавани.

Согласно со правото на слобода на движење:

A. На личноста може да ѝ се забрани да одбере одредено престојувалиште од причини за јавна безбедност.
Б. Одбивањето за виза на некоја личност која не е обвинета за криминал е прекршување на човековите права.
В. Криминалецот може да биде затворен.

Согласно со правото на слобода на движење:

А и В се точни. Секој може да биде одбиен за виза, не само криминалците. Ограничувањата на слободата на движење може, исто така, да бидат наметнати од причини за јавно здравје, јавен ред или национална безбедност, ако е предвидено со закон.