Материјал за учениците 2.3: Бродоломот

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 2.3: Бродоломот

Прв дел

„Измина  повеќе  од  еден  час  помеѓу  првиот  аларм  и  тонењето  на  бродот

„Кралицата Меди“. Според тоа, патниците можеа малку да се организираат пред да се качат на бродовите за спасување. Силното невреме го предзвика судрувањето на бродот во еден танкер, кое резултираше со бродолом.

По половина ден подоцна, некои од бродовите за спасување пристигнаа  на копно на еден карпест остров. Тој имаше јајцевидна форма, беше долг околу 1,5 километри, половина од тоа беше широк и делумно покриен со густа шума. Не постоеше ниту еден друг остров во близина. Овој сончев остров не беше населен, освен семејството Ричалон, кои живееја во луксузна вила  на врвот од ридот и го поседуваа целиот остров.

Пред многу години, ова семејство се насели на островот, одвај одржувајќи контакт со надворешниот свет; тие само го имаа договорено месечното доставување на свежа храна, бензин и сите видови производи кои им беа потребни. Нивниот живот беше добро организиран: тие сами произведуваа струја, можеа да си дозволат да купат доволно храна и пијалоци и го имаа целиот модерен комфор кој го посакуваа. Во минатото, сопственикот бил многу успешен бизнисмен. По конфликтот со властите во врска со даноците, тој се разочарал од животот и решил, од тој момент па натаму, да избегнува секаков контакт со надворешниот свет.

Сопственикот на вилата ги набљудуваше бродовите за спасување кои пристигнуваа на неговиот убав остров и ги симнуваа луѓето спасени од бродоломот.“

Втор дел

„Сопственикот на островот реши да им дозволи на луѓето, спасени од бродоломот, да останат некое време. Тој очекуваше тие да платат за услугите и храната од неговите резерви. Сé додека имаше останата храна од бродот, тој одбиваше да им продаде нешто.

Имаше 13 луѓе спасени од бродоломот. Тие беа Виктор, неговата бремена жена Џозефа и нивните две деца (3 и 7 години стари). Абрамович, 64, беше богат трговец со накит. Тој беше најстариот член во групата и немаше ниту роднини, ниту пријатели. Тој носеше со себе збирка од златни прстени, дијаманти и други скапоцени камења. Џон, Кејт, Лео и Алфред беа четворица млади пријатели, кои беа силни, здрави и многу вешти. Тие живееле заедно во една куќа, при една алтернативна заедница и тие самите ја обновиле куќата во која живееле.

Марија, адвокат, која работеше со половина работно време на универзитет, можеше да оди многу бавно што се должеше на проблемите со нејзината лева нога и колкот (резултат од една несреќа). Таа беше придружувана од Макс, нејзиниот асистент на универзитетот и тие патуваа во САД, со цел да одржат предавање на една конференција и да дискутираат за издавањето на една книга со издавачот. И двајцата беа експерти по кривично право, но не беа вешти со нивните раце. Последни, но не и помалку важни, беа Марко и неговата девојка Вики, и двајцата членови на бродскиот персонал, кои, во последниот момент, зедоа онолку колку што можеа да носат од бродскиот магацин: конзерви со храна, бисквити, масло и неколку садови за готвење. Сите луѓе спасени од бродоломот носеа малку пари со себе, но наредникот на палубата, Марко, носеше голема сума, која ја имаше украдено од еден апартман во последното пристаниште каде што влегоа.

На островот, на страната од ридот, имаше мала, стара колиба речиси блиску до морето. Имаше само една соба која можеше да послужи како примитивно засолниште за двајца или три луѓе.“

Трет дел

„Луѓето, спасени од бродоломот, исто така, требаше да решат што да прават со резервите од храна, кои ги зеде наредникот на палубата со себе и кој немаше намера да ги дели со другите. Всушност, споделувањето значеше намалување на можностите за опстанок за него и за неговата девојка.“

Четврт дел

„Луѓето, спасени од бродоломот, решија дека храната треба да биде поделена, без никаква компензација. Тие го принудија Марко да ги предаде неговите прехрамбени продукти, повикувајќи се на неговото чувство на морална одговорност. Речиси по една недела, храна немаше повеќе и единственото решение беше обидот да се добие малку храна од сопственикот на вилата.“