Лекција 2: Политика – како демократската заедница ги решава своите проблеми

Living Democracy » Textbooks » Лекција 2: Политика – како демократската заедница ги решава своите проблеми

Моделот на политички циклус

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Анализа: работење со модел.
Крајна цел на учењето Политиката служи за решавање на проблемите кои влијаат на заедницата.
Задачи на учениците Учениците го применуваа моделот на конкретни примери по нивен избор.
Материјали и извори Хартиени табли, маркери.
Весници.
Материјал за ученици 6.1 и 6.2.
Метод Предавање, работа во групи.
Временски буџет 1. Предавање и прашања – 15 мин.
2. Правење групи за истражувачките задачи. – 10 мин.
3. Истражувачка задача. – 15 мин.

1. Предавање и последователни прашања

Наставникот го претставува моделот на политички циклус на учениците. Тие ја разбираат иницијалната фаза на циклусот, правењето агенда и се подготвени за прашањето што се случува откако проблемот го привлекол јавното внимание.

Наставникот дава кратко предавање кое се совпаѓа во овој контекст ( поврзување на инструкцијата со конструктивистичкото учење). Учениците ќе ја применат информацијата во опширната истражувачка задача која следи. Наставникот ги дели материјалите за ученици 6.1 и 6.2 пред да почне предавањето. Двата материјали треба да се прикажани на табла или проектор за наставникот да може да упатува кон нив за време на презентацијата.

Апстрактниот модел се разбира полесно ако е поврзан со конкретен пример. Ова функционира најдобро ако наставникот земе проблем кој учениците го напоменале на предходниот час. Алтернативно наставникот може да искористи одреден случај, макар фиктивен и ова предходно да го подготви. Со цел демонстрирање, воведното предавање е претставено тука како проблемот со намалувањето на сообраќајни незгоди (видете лекција 1, табела на искази од учениците).

Пред да се навлезе во детали, слушателите треба да ја имаат целосната слика во пошироки црти. Учениците гледаат во материјалот за ученици 6.1. Објаснувањето на наставникот ги содржи следните точки:

  • Овој дијаграм е модел за процесот на политичко одлучување. Ги покажува различните фази во таквиот процес. Процесот почнува на врвот – дебатата за тоа што се смета за „проблем“. Ова е дебатата за правење агенда која ја погледнавме во предходната лекција. Штом проблемот влегол во агендата, почнува дебатата за вистинското решение.
  • Исходот од оваа дебата е одлуката – пр. закон, или некој вид на дејствување.
  • Оваа одлука потоа се имплементира – преминува на дело. Постигнува ефект. На пример, се применува нов закон или се гради нова болница.
  • Луѓето наскоро ќе го формираат своето мислење. Дали се согласуваат со оваа одлука откако ќе го искусат нејзиниот ефект? Дали ги задоволува нивните интереси?
  • Порано или подоцна ќе има реакции. Овие можат да бидат пријателски или критичарски коментари во медиумите, изјави од политичари или протести.
  • Овие реакции можат да доведат до нова дебата за тоа кои проблеми треба да се стават на политичката агенда. Можеби некои луѓе мислат дека првичниот проблем никогаш не се решил, а можеби работите се влошиле. Можеби пак мерките имале несакани ефекти кои довеле до нови проблеми. Политиката се случува циклусно: некои проблеми морат трајно да се решат, а некои решенија треба да се подобрат. Така што циклусот покажува дека политиката е многу практична работа и го следи принципот на обиди и грешки.
  • Но исто така возможно е процесот да заврши (престанок на политиката). Можеби одлуката била добра и проблемот се решил – или проблемот не добива доволно внимание за да поттикне понатамошен политички труд.

Учениците можеби ќе постават прашања за точките кои не им биле доволно јасни. Наставникот треба да размисли кои прашања треба да се решат веднаш, а кои можат да се одговорат кога тој/таа ќе го претставува примерот.

Со втор чекор, наставникот дава пример за да го илустрира моделот. Ова вклучува доста повторување, но тоа е за подобро и појасно разбирање. Категориите се поврзани со клучни прашања и детали. Материјалот за ученици 6.2 е во прилог на ова предавање.

За да се даде пример, се користи фиктивна прикаазна. Се основа на примерот даден во 1-вата лекција – проблемот за намалување на сообраќајните незгоди (мат. за наставници 6.1, кој е базиран на материјал за ученици 6.2).

Учениците ако е потребно прашуваат понатамошни прашања и наставникот потоа може да ги препушти прашањата на класот. На овој начин наставникот гледа дали учениците ја разбрале пораката на ова предавање. Учениците можеби ги допрело големото дебатирање, дискусија и „егоистичниот“ начин на кој протагонистите ги промовираат своите интереси. Наставникот истакнува дека ова – расправањето за своите интереси – е есенцијално во демократијата. За овие погледи да се земат предвид при донесувањето одлуки, граѓаните треба да бидат слушнати. Во некои случаи, се наоѓа компромис.

2. Правење групи за истражувачката задача

Дискусијата не треба да трае повеќе. За неа ќе има време во последното предавање. Наставникот и учениците сега одлучуваат кои проблеми сакаат да ги проучат. Материјалите кои ги собрале користат како упатство – за кои проблеми се дискутира? Кои одлуки се донесени во поскоро минато?

Учениците формираат групи од двајца до четворица. Нивните презентации треба да се спремни за четвртата лекција. Тие треба да ги претстават резултатите на материјалот за ученици 6.2, кој ќе се копира за делење на учениците.

На учениците им се потребни критериуми за бирање на проблем:

  • Пристап до информации: во актуелните процеси на одлучување, учениците ќе најдат многу информации во весниците и на интернет. Од друга страна, бидејќи циклусот е недовршен, тие би можеле да ги покријат само првите фази т.е. одлуката или имплементацијата. Затоа прагматички пристап е да се разгледаат весниците од пред две-три недели за  да се види што било на политичката агенда.
  • Личен интерес: учениците бираат проблем за кој сметаат дека е доста итен. Тие можат да се потсетат на „Ѕидот на тишината“ во првата лекција. Но тие треба да сфатат дека пристапот до информација може да се покаже како потешка работа.

3. Истражувачка задача

Учениците го поминуваат остатокот од 2-риот час и целиот 3-ти час на нивното истражување. Тие независно си ја планираат својата работа.