ГЛАВА 9: МЕДИУМИ – Медиуми во употреба: Би направил ако би можел

Living Democracy » Textbooks » ГЛАВА 9: МЕДИУМИ – Медиуми во употреба: Би направил ако би можел

Глава 8: Основен концепт- “Медиуми” (за основно ниво)

Основни информации за наставниците: Учениците си покажуваат едни на други како да користат медиумски апарати

Како што беше покажано на почетокот на ова упатство за наставници, образованието за демократско општество и образованието за човекови права разликува три компетенции. Оваа глава за централна тема ги зема медиумите, како централен елемент кој им овозможува на луѓето да учествуваат активно и пасивно во граѓанското општество.

ОДГ/ОЧП компетенции:

Компетенција во политичка анализа и суд

Способноста да се анализираат и дискутираат политички настани, проблеми и контроверзни прашања ….

Компетенција во употреба на методи

Учење на способности и вештини да се најдат и приберат информации, да се користат средства и медиуми за комуникација …

Компетенција во донесување на демократски одлуки и дејствување

Способноста да се проценат сопствените можности (и слабости) во политичкото учество и да се направи соодветен избор на начин на дејствување …

 

Втората компетенција – компетенција во употреба на методи – вклучува медиумска компетенција исто така. Во следната глава, главниот фокус лежи во способноста да се работи со постоечки медиуми, да се искористат неговите можности и да се знаат кои се границите на истиот. Во медиумското образование, четири димензии на медиумска компетенција може да бидат издиференцирани:

Компетенција во технички медиуми:

  • Способноста да се ракува со медиумот и да се познаваат и останатите креативни можности

Компетенција во медиумска култура:

  • Запознаеност со медиумските “кодови” и сите естетски и социјални форми на изразување. Вештите корисници можат да разберат медиумски кодови, може да перцепираат медиумска порака и да ја разберат, и можат да ги користат за други потреби.

Компетенција во социјални медиуми:

  • Способноста паметно да се користат повеќе форми на комуникација. Врските се повеќе се поврзуваат со медиумите, вклучувајќи разни форми на “социјален софтвер”

Компетенција во рефлективните медиуми:

  • Корисникот е способен критички да ја анализира фунцијата на медиумот, како и своето однесување кон медиумот во било кое време.

Целиот спектар на медиумското образование ги вклучува овие четири димензии. ОДГ/ОЧП перспективите само допираат до некои аспекти од овие концепти и не го заменува образованието за медиуми. Но, во врска со целите кои се поврани со медиумското образование, тие претставуваат важни стратегии за образованието за медиуми. Директната врска меѓу компетенциите за технички медиуми кај наставниците и фреквенцијата на користење на медиумите во училницата е друга причина зошто оваа глава е корисна. Многу наставници отворено признаваат дека тие не секогаш знаат како да се справат со различни видови на медиуми, или пак да ги разберат можностите за нивна употреба во класот. Едно е јасно: колку посигурни се наставниците при справување со разни медиуми, толку почесто ќе ги користат истите во нивните поучувања.

И компетенциите на наставниците во практични медиуми и тие на учениците се обработени во оваа глава. Само кога тие ќе се обработат, тогаш оваа глава се фокусира на медиумите и на изборот на одредена тема на која ќе се работи.

Целта на образованието за демократско општество и човекови права е да го поддржи развојот на компетенциите во овие подрачја. Оваа глава го има следниот компетенциски профил:

Компетенции во …
… Политичка анализа и суд … Употреба на методи … Донесување на политички одлуки и дејствување
** * ***
Активности
Во оваа лекција  можат да се користат различни активности за поддршка на учениците. Наставникот мора да одлучи дали сите или само неколку ученици имаат потребна дополнителна подготовка за да можат да работат со овие Активности
X Пребарување во библиотека
X Пребарување на Интернет
0 Правење интервјуа и анкети
0 Интерпретирање на слики
X Мисловни мапи
X Правење на постери
X Одржување на изложби
X Планирање и правање презентации
0 Подготвување фолии за графоскоп или Power Point презентации
0 Пишување текстови за во весник
0 Драматизација
0 Учество во дебати

Глава 9: Медиуми

Медиуми во употреба: Би направил ако би можел!

Учениците си покажуваат едни на други како да ги користат медиумските алатки

Наслов на лекција Цели на учењето Задачи на ученикот Ресурси Методи

Лекција 1:

Подготвуваме изложба

Учениците сфаќаат дека е важно да ги разберат техничките детали на медиумските алатки и да го вложат потребното време во тоа. Припремаат изложба од сопствените и алатките на училиштето. Користење на направа со која не се запознаени, учениците се обидуваат да ја опишат направата и како функционира. Собираат и опишуваат различни медиумски материјали и припремаат изложба во училницата. Медиумска направа (како камера, итн.), работен материјал. Разговори, групна работа, домашна задача.

Лекција 2:

Моќта на знаење и вештини

Учениците го разбираат разноликостот или ограничениот број на медиумски материјали кои можат да ги користат. Тие добиваат потребни информации за медиумот и како да го користат од страна на наставникот. Припрема на медиумска изложба во училницата и понатамошно разбирање за тоа ако одреден медиум работи. Лични медиумски апарати, училишни медиумски апарати, работни материјали за наставникот за глава 9, час 1 и 2, работни материјали за учениците. Зависи за што ќе се одлучи наставникот.

Лекција 3:

Време за презентација!

Учениците стануваат специјалисти за техника за медиумската направа која ја одбираат. Бидејќи се специјалисти за нивниот одбран медиумски апарат, учениците прават презентации во групи. Медиумски уреди, индивидуални средства за презентација. Групна презентација.

Лекција 4:

Планираме медиумски производ

Компетенцијата во техничките медиуми која учениците ја совладале треба да биде применета. Учениците одбираат тема и исто така медиумските уреди кои им требаат. Користење на демократски и партиципативни процеси (во мали групи и на пленарна дискусија), класот одлучува на темата на која ќе работат и кои медиумски уреди ќе ги користат.

Активност ”мапа во мозокот” од табелата за Активности

Работен материјал: направен за да ги селекетира медиумските уреди кои се одбрани за дадената тема.

Групна работа, донесување на одлука во пленарна сесија.