Материјал за учениците 3.4: Жителите на островот и доселениците (картички со улоги)

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 3.4: Жителите на островот и доселениците (картички со улоги)

Група 1: Жителите на островот

Вие сте група на жители на островот. Вашите луѓе живееле на овој остров илјадници години. Вашите предци се закопани на свети места во планините и вие верувате дека нивните духови се сеуште тука.

Вие водите многу едноставен начин на живот. Жените се грижат за децата, додека мажите лутаат низ целиот остров, ловејќи животни и собирајќи храна од бујната вегетација. Вашите луѓе веруваат дека секој има одговорност да ја чува природата и да ја остави на идната генерација, без да ја уништи. Вашето оружје се копја, лакови и стрели и стапици за животни.

Вашата религија е заснована на обожување на природата, а вашата култура е заснована на значењето на заедницата. Кога храната недостига, сите ја споделуваат, а луѓето напорно работат едни за други. Кога има храна во изобилство, луѓето се собираат заедно да пеат, танцуваат и раскажуваат приказни. Вашите луѓе немаат потреба за пишување.

Вие имате само неколку закони. Поглаварот на племето може да создаде нови закони, ако е потребно. Тој, исто така, може да пресудува во расправиите помеѓу членовите на вашата заедница.

Група 2: Доселениците

Вие сте со група луѓе кои испловиле од Европа со надеж дека ќе најдете нов начин на живот за вас и за вашето семејство. Вие сакате да најдете една од новите земји кои беа откриени на другата страна од светот. Се надевате дека ќе се населите тука, ќе изградите домови и фарми и ќе станете успешни.

Вие носите со себе алатки за орање на земјата и пушки за ловење. Вашата култура е заснована на образование и напорна работа. Секој има цел да стане успешен и задоволен. Вие немате единствена религија, но верувате дека луѓето би требало да имаат право да ја следат сопствената верба.

Вие сакате демократски да одлучувате за работите во вашата нова заедница. Го напуштивте општеството каде што само елитната група имаше моќ и каде што постоше голема нееднаквост во богатството. Сакате да изградите општество во кое сите луѓе се рамноправни или каде што сите имаат подеднакви можности да успеат.