Материјал за ученици 9.1: Создавање ѕиден весник – правење избори

Living Democracy » Textbooks » Материјал за ученици 9.1: Создавање ѕиден весник – правење избори

Упатства за задачата

Вие ќе создадете ваш ѕиден весник. Подгответе ја оваа работа со размислување на вашите идеи. Кои приказни, статии и слики ги предлагате? Објаснете ги вашите причини, бидејќи ова ќе ви помогне кога ќе разговарате за конечните избори.

Точки за размислување
(критериуми)

1. Релевантност

Која е важноста на оваа приказна?

Дали таа содржи важна или критичка информација која вашите читатели треба да ја знаат?

2. Главна статија

Главната статија треба да „фаќа око“ и да привлече потенцијални читатели.

Дали можете да ја поткрепите статијата со додавање на слика?

3. Фотографии

Земете предвид слика со поттекст наместо приказна.

4. Баланс на содржина

Примери:

Познато/непознато

Позитивно/негативно

Ударни вести/„човечки интерес“

Успешни приказни/приказни со конфликт

Your suggestions Your reasons
1. Главна статија?
2. Други приказни?
3. Лидер (коментар) – за која приказна?
4. Фотографии – за кои статии?
5. Статии и теми со помала важност – што може да се изостави?

Базирано на: Центар за медиумска писменост (2005), Пет клучни прашања кои можат да го сменат светот, Лекција 1c, стр. 21 (адаптирана); www.medialit.org