Лекција 3: Поглед во иднината: три избори кои ги обликуваат нашите идни животи

Living Democracy » Textbooks » Лекција 3: Поглед во иднината: три избори кои ги обликуваат нашите идни животи

Слободата се состои во способноста да се избере – или да не се избере

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на времето.

Стручно оспособување Правење избори, поставување приоритети
Крајна цел на учењето Човечките права ни даваат можности како да ги обликуваме нашите идни животи – ние одлучуваме дали да ги искористиме.
Задачи на учениците Учениците размислуваат за клучните избори кои ќе влијаат на нивните идни животи.
Материјали и извори Материјал за ученици 1.2
Табла, маркери.
Метод Самостојна работа со печатен материјал.
Пленарна сесија.
Временски буџет 1. Вовед во темата и задачата. – 10 мин.
2. Учениците размислуваат за клучните избори  – 10 мин.
3.Презентација и размисли – 20 мин.

Информационо поле

„Кој ќе биде мојот партнер?“ – „Дали сакаме да имаме деца?“ – „Која работа да ја изберам?“

На овој час учениците ќе зборуваат за нивните избори. Со тоа, тие ќе ја променат перспективата од минатото кон иднината. Во предходниот час тие  гледаа во минатото, занимавајќи се со прашањето кои избори (и чии) влијаеле на нивниот живот и го обликувале нивниот идентитет во детството и адолесценцијата. На овој час тие ќе гледаат во иднината. Тие ќе ги прават клучните избори – за партнерството, семејството и професијата – избори кои ќе имаат најголем ефект на нивната личност.

Учениците ќе станат свесни за проблемот со полот: Традиционалната улога на жените беше да изберат партнерство и семејство – без професија, а мажите се концентрираа на нивната улога на заработувачи (професија) и партнерството, со намалена одговорност за семејниот живот. Денес младите жени интензивно го практикуваат своето право на образование, со намера за избирање на професија. Затоа додека жените се обидуваат да најдат начин да ги балансираат сите три опции – професија, партнерство и семејство –многу, но не сите, мажи продолжуваат да ги заземаат традиционалните улоги.

 

Опис на лекцијата

1. Вовед во темата и задачата

Наставникот ги вклучува учениците (индуктивен пристап)

Наставникот го почнува часот со поставување на прашање кое секој ученик го одговара, а е многу директно: зошто одиш во средно училиште?

Учениците, машки и женски, сигурно ќе одговорат дека сакаат да одберат професија. Тие исто така сакаат да продолжат со понатамошно образование, како што се универзитетските студии.

Наставникот дава збор на неколку ученика додека не се создаде јасна слика. Тогаш тој/таа ги сумира одговорите на учениците цртајќи го дијаграмот од материјалот за ученици 1.2 на таблата и додавајќи го првиот избор – работа.

V4_P46_MACED

Наставникот објаснува дека ова е еден избор на кој учениците му дале најголем приоритет и јасно е колку тој им е битен за нивните идентитети. Со тоа тие ги практикуваат човековите права – слободата да се прават општи избори, и слободата да се одбере професија. Учениците  можеби ќе посочат дека слободата ни е ограничена со тешкиот пристап кон некои работни места, на пример јака конкуренција или невработеност. Во оваа тема не треба да се навлегува, бидејќи ќе се обработува во следната лекција.

Наставникот ги напоменува другите клучни избори: дали сакам да живеам со партнер и ако да, кој ќе ми биде партнерот? (Или веќе сум го направил/а тој избор?) И дали сакам, или сакаме да имаме деца? Наставникот ги додава поимите „Партнер“ и „Деца“ на дијаграмот кој треба да е како во мат. за ученици 1.2.

Наставникот објаснува дека мораме да ги одговориме овие прашања вака или онака. Можеме да одбереме да ги комбинираме сите три опции, или само две а да изоставиме една опција. Ние ќе имаме сосема поинакви животи, во зависност од изборите кои ги правиме или не ги правиме. Ние ги практикуваме човековите права, но исто така имаме одговорност за нашите животи и животите на другите луѓе (нашите партнери,нашите деца).

Наставникот ја претставува задачата

Наставникот го дели материјалот за ученици 1.2. Ги потсетува учениците на човековите права кои ги овозможуваат можностите за избор на работа, живот со партнерот и имање деца (мат. за ученици 1.2, дел 1) Задачата на учениците е да размислат за нивните избори, и да ги запишат одлуките во матрицата во 2-риот дел од материјалот.

Ако сакаат, учениците можат да ги споредат нивните избори со тие на нивните родители. Овие информации не се споделуваат на часот, туку ќе останат анонимни.

2. Учениците размислуваат за нивните клучни избори

Учениците самостојно работат во тишина. Наставникот не треба да гледа во ниеден материјал, бидејќи кога се занимава со вакви деликатни работи дискрецијата е многу важна.

Наставникот ја подготвува следната фаза. Ја поставува таблата со маркер. Учениците не треба да гледаат што пишува на неа.На таблата е прикажана модификувана верзија на матрицата во материјалот за ученици 1.2.

Текстот може да се скрати со букви, бидејќи учениците ја знаат матрицата. Следната легенда е доволна:

Работа – Партнерство – Деца

Опции за нашата инина Женски Машки
Сите три П + Д + Р
Две од три П + Д
П + Р
Р + Д
Едно од три П
Р
Д

Наставникот го дава маркерот на учениците

3. Презентација и размислување

Учениците ги прикажуваат своите избори

Наставникот објаснува како учениците можат да ги впишат нивните избори дискретно. Потоа секој ученик доаѓа до таблата и го впишува неговиот избор со само еден симбол (1).

Женските и машки ученици користат посебни колони.

Учениците еден по еден излегуваат и ги впишуваат нивните избори. Кога ќе завршат, два ученика ги бројат симболите во секое поле и пресметуваат.

Учениците коментираат и дискутираат за резултатите

Резултатот тешко може да се предвиди. Интересно е да се види колку од младите мажи и жени планираат да ги комбинираат трите опции, а колку две, и кои две.

„Партнер+Работа“: Традиционалниот машки модел „ хранител + домаќинка“. Учениците треба да се свесни за последиците ако двата партнери го направат овој избор. Ова е моделот „ДПБД“ (два прихода,без деца).

„Работа+Деца“: Не толку веројатен избор, бидејќи подразбира самохрано родителство, но како што знаат учениците голем број на семејства се со еден родител – не по избор туку преку развод или смрт.

„Партнер+Деца“: Традиционалниот женски модел ако е во текот на целиот живот. Многу млади мајки а помал број на млади татковци привремено ја прифаќаат оваа опција додека децата се многу мали. Се подразбира дека ќе се вратат на работните места што е можно поскоро.

„Работа+Партнер+Деца“: Учениците знаат дека оваа опција е предизвик. Дали има разлика во изборите на секој пол? Се претпоставува дека повеќе млади жени отколку мажи ќе ја изберат оваа опција. Ако е така, тогаш кои се причините за тоа? Наставникот не треба да ги притиска учениците, ако не им се зборува за причината за нивните избори. Како и да е, тој може да напомене дека ова е пример како индивидуалните избори можат да влијаат на општеството како целина: ако многу луѓе изберат да немаат деца стапката на раѓање ќе опадне. Не треба да се создава морален притисок, но учениците треба да се свесни за долгорочниот ефект на нивните индивидуални избори (види го додатокот подолу).

Имајќи ги овие можни начини на размислување предвид, наставникот ги чека резултатите, а потоа одговара и по потреба импровизира. Предходното размислување за часот и неговата евалуација потоа помагаат во развивање на капацитет и самодоверба за импровизација.

Додаток

Проблемите како намалување на стапката на раѓање, престареноста или намалувачките населенија ги загрижуваат многу од индустријализираните и развиените земји, како што се Кина, Германија, и Италија. Можат да настанат сериозни проблеми во економијата и пензискиот систем. Учениците можат да ја истражат ситуацијата во нивната држава со статистички податоци. Можат да анализираат и оценуваат решенија.